fbpx
Таг: Данела Арсовска

таг: Данела Арсовска

Данела Арсовска: Ќе бидам градоначалничка на сите граѓани подеднакво

Независната кандидатка Данела Арсовска за градоначалник на Скопје, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција изјави дека според последните податоци од Државната изборна комисија, таа е во водство пред Петре Шилегов со околу 5.334 гласа и таа влегува во вториот круг. „Ниту сум политичар, ниту планирам да се занимавам со политика“, рече Арсовска во своето и нафласи дека ќе биде градоначалничка...

ССК од Владата побара нов сет на мерки за спас на економијата

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) на денешната официјална средба со премиерот и економскиот тим, ги потенцираше приоритетите кои треба да отпочнат да се реализираат уште во првиот месец од формирањето на новата Влада, за справување со кризата, а потоа за економско закрепнување. Претседателката на Сојузот, Данела Арсовска на средбата со премиерот Зоран Заев  истакна дека најпрво е потребна...

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од Ковид-19 врз економијата   

Кај компаниите постои расположение да се почитуваат мерките кои Владата ги донесе за справување со штетните последици од Ковид-19, но за да се спречат поголеми штети по економијата мора да се размислува и за ургентна и навремена помош која институциите би му ја овозможиле на приватниот сектор, вели претседателот на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска. „Сето ова има и...

ССК до Заев: Пред нас е изборен период во кој партиите многу ветуваат, a малку се реализира

Пред нас е изборен период во кој политичките партии многу ветуваат, а потоа малку од тоа се реализира или прифатените економски мерки попатно се разобличуваат од иницијалната идеја, истакна претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска на денешната средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Според нејзе, приоритет е справување со политичкиот клиентелизам, заради кој сите други развојни процеси...

Арсовска: Нејасно е како ќе оствариме раст од 3,8 отсто кога влегуваме во изборна година

Претседателката на Сојузот на стопански комори (ССК), Данела Арсовска денеска реагираше за предвидениот економски раст во буџетот за следната година, намената на средствата како и тоа дека за стопанството се издвоени малку пари. „Во состојба на континуирани политички превирања имаше потфрлање на повеќе полиња во изминатата година, особено во делот на реализација на капиталните инвестиции, дополнително треба да се има...

Бизнисмените со намалена доверба во судството

Недовербата во судскиот систем се зголемува, владеењето на правото е еден од предизвиците на кои алармираат и меѓународните институции во извештаите, а судските постапки траат несразмерно долго што е и причина за незадоволство кај деловната заедница, беше истакнато на денешната прес-конференција на Комората на медијатори во Сојузот на стопански комори. „Должината на траење на судските постапки резултира со пролонгирање на...

Сивата економија се уште ги мачи регистрираните фирми и им создава нелојална конкуренција

Проектот на УСАИД, Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема: „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија. „Бараме конкретни чекори од страна на институциите како носители на механизмите за справување со сивата економија. Предложени мерки се имплементација во пракса на Законот за забрана и спречување на...

Арсовска: Сузбивање на сивата економија, главен предизвик за стопанството

Сузбивање на неформалната економија во земјава која изнесува над 30 проценти од севкупната економија е главниот предизвик за обезбедување стабилен деловен амбиент и работа под еднакви и фер услови за сите субјекти во приватниот сектор, вели претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска. Според неа, со моменталните состојби на удар се особено малите и средни претпријатија кои како двигател...

ММФ на консултација со бизнис-секторот: Структурни реформи за економски развој

Претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска оствари редовна средба со шефицата на Мисијата на ММФ за Македонија, Џесмин Рахман која е во посета на нашата земја од 8 до 16 ноември, со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија. На средбата се дискутирало за предизвиците на приватниот сектор и деловниот амбиент во земјата. Арсовска ја...

Арсовска на Самитот на „Економист“: Услов за инвестиции е владеење на правото

Бизнис-делегација на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), предводена од претседателката Данела Арсовска е во Белград, на дводневниот 7. Самит: ЕУ и Југоисточна Европа - Одржлива обнова на Балканот, кој е во организација на реномираниот лондонски магазин „Економист“ (The Economist). Самитот го отворија премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и вицепремиерот Ивица Дачиќ, додека претставници на НАТО, Европската комисија, влади...

ССК и УЈП заеднички ќе се борат против нерегистрираните бизниси

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и Управата за јавни приходи (УЈП) денеска потпишаа Меморандум за соработка за заеднички да се координираат за регистрирање на субјектите кои немаат регистрирано фирма, a со цел намалување на сивата економија и нелојалната конкуренција Меморандумот за соработка помеѓу институциите го потпишаа претседателката на ССК, Данела Арсовска и директорката на УЈП, Сања Лукаревска. „Неформалната т.е сивата економија...

Бизнисот во фокус на седмиот Самит на шефовите на Влади на Кина и земјите од ЦИЕ

Бизнис делегација на највисоко ниво предводена од претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска традиционално учествува на 7. Самит и бизнис-форум на шефовите на Влади на Кина и 16. земји од Централна и Источна Европа (ЦИЕ), кој официјално ќе се одржи на 7 јули во Бугарија. „Минатата година во Унгарија остваривме успех со потпишување на седум договори за трговски...

ССК: Неформалната економија најголем проблем во сите сектори

Сузбивање на неформалната економија во Македонија која изнесува над 30 проценти е главниот предизвик за обезбедување поволен деловен амбиент за малите и средни претпријатија кои се стожер на македонската економија и сочинуваат 99,7 проценти од сите компании со учество од 70 отсто во домашниот бруто-производ (БДП). Ова беше една од темите на која претседателката на  на Сојузот на стопански комори,...

Арсовска: Стопанството е во стагнација, потребни се активни мерки за раст

Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, на денешниот форум насловен „Потенцијал на регулатива за ангел-инвеститори“, рече дека летаргијата кај стопанствениците е резултат на континуираната криза и воздржување од инвестиции. „Стопанството е во стагнација и потребни се активни мерки за поттикнување на нови инвестиции и раст. Она што ние во стопанството го чувствуваме е една летаргична состојба по основ на...

Арсовска: Искористувањето на фондовите од ЕУ ќе ја зајакнат економијата на регионот

Претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК),  Данела Арсовска во обраќањето нa отворањето на Виенскиот економски форум во Софија, ја истакна важноста од спроведувањето на економските реформи во Македонија во процесот на приближување до Европската Унија. Таа додаде дека потребно е искористување на достапните фондови за да се изгради силна економска мрежа со земјите од Западен Блакан, како обединет...

На Самитот во Софија ќе се дискутура и за економскиoт развој на Западен Балкан

Претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК),  Данела Арсовска ќе има обраќање за спроведувањето на економските реформи во Македонија во процесот на приближување до Европската унија, со што и официјално ќе започне економскиот форум на Самитот на Европска унија за Западен Балкан во Софија. Арсовска заедно со министерот за економија на Бугарија, Емил Караниколов, претседателот на Винескиот економски форум, Гунтер Рабенштајнер, претседателот на...

Хан ќе го отвори инвестицискиот форум во Белград, ќе говори и Арсовска

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика Јоханес Хан, претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, и министерот за економија на Албанија, Милва Економи, ќе го отворат „Форумот за унапредување на инвестициската клима меѓу ЕУ и Западен Балкан“, кој ќе се одржи денеска во Белград. „Треба да го унапредиме регионот и да одиме чекор понатаму кон...

Светска банка ja поддржува економијата со инструменти за инвестиции и за развој

Проектите што во изминатите години се реализираат во Македонија со поддршка од Светската банка, а кои се во насока на спроведување на реформите, зголемување на конкурентноста и на подобрување на инфраструктурата, на долг рок ќе донесат позитивни резултати за македонската економија. Ова денеска го истакна претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, на средбата со извршниот директор...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...