fbpx
Таг: Данела Арсовска

таг: Данела Арсовска

ЈП Комунална хигиена-Скопје го исчисти ѓубрето од авто-полигонот под Кале

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатиов викенд реализираа активности за генерално чистење на авто-полигонот под скопското Кале и кејот на реката Вардар, информираат од ова јавно претпријатие. „Во рамките на акцијата беа ангажирани 20 работници на терен, а отстранети се приближно 15 кубни метри неправилно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад“, се наведува во соопштението на...

Град Скопје никако да ја објави мапата со над 150-те исчистени депонии

Чистењето на сите диви депонии за 82 дена и ревитализирање на просторот во чиста зелена површина, беше предизборно ветување на градоначалничката Данела Арсовска за самиот почеток од раководењето со Град Скопје. На 31 јануари 2022 година, во отчетот за сработеното, градоначалничката Арсовска ретерираше од ветувањето за чистењето на сите диви депонии и изјави дека во предизборието мапирале 120 диви...

Јавниот превоз во Скопје лани со само 30 милиони патници, ќе почекаме на 250-те нови автобуси [инфографик]

ЈСП-Скопје и приватните автобуски превозници во 2021 година превезле вкупно 29.797.130 патници. Бројот на патници е зголемен за повеќе од 2 милиони во однос на 2020 година, но сепак бројката лани е речиси двојно помала во споредба со користењето на јавниот превоз од граѓаните пред појавата на ковид-19 пандемијата. Колку за потсетување, во 2019 година градско-приградските линии во Скопје...

Арсовска: Исчистивме 150 диви депонии низ Скопје, ако има уште, пријавете ги

Чистењето на дивите депонии на територијата на Град Скопје е еден од проектите за коишто скопската градоначалничка Данела Арсовска рече дека се исполнети во првите 82 дена од нејзиното раководење со главниот град. Таа рече дека во текот на предизборието мапирале 120 диви депонии низ целиот град, а досега успеале да исчистат над 150. Арсовска изјави дека за првпат...

И по 82 дена, Данела Арсовска не ги исчисти сите диви депонии низ Скопје [галерија]

Првите 82 дена од раководењето со Градот Скопје на градоначалничката Данела Арсовска изминуваат во петок на 28 јануари, што беше и повод за Мета.мк да го провери на терен исполнувањето на едно од најзначајните ветувања што ги даде во текот на предизборната кампања за последните локални избори - чистењето на сите диви депонии во Скопје. Ставањето крај со дивите депонии...

И граѓаните од околните градови го чекаат бесплатниот јавен превоз во Скопје

Патувањето со воз или автобус од околните градови им предизвикува големи трошоци на граѓаните од Куманово, Велес и Тетово, коишто секојдневно патуваат на работа, школо или по други обврски во главниот град. Од градовите коишто гравитираат околу Скопје има дневен прилив на илјадници граѓани, коишто имаат избор да патуваат со автомобили, коишто го зголемуваат сообраќајниот метеж и проблемот со...

Град Скопје сè уште нема систем за изнајмување велосипеди како алтернативен превоз

Во услови на рекорден број на регистрирани автомобили на скопските улици и константно намалување на бројот на превезени патници во јавниот превоз, во Скопје веќе четврта година по ред не функционира системот за изнајмување на велосипеди, со којшто раководеше ЈП „Градски паркинг“. Со некогашниот проект „Скопје изнајми велосипед“, на дел од паркинзите во главниот град се изнајмуваа јавните велосипеди со...

Вистиномер: Не е точно дека ЈСП го поскапе превозот – воведен е само нов тип дневен билет од 120 денари

Билетот на ЈСП не е поскапен, туку е воведенa дополнителнa опциja преку билет од 120 денари, кој ќе важи за еднодневно повеќекратно возење (граѓаните ќе можат да се возат со овој билет неограничен број пати во еден ден). Овој билет од 120 денари, како што најави ЈСП, ќе им биде од полза на туристите, на тие што сакаат да...

Да се спроведат сите мерки од локалните еколошки планови на општините, бара Граѓанскиот инспекциски совет

Да се спроведуваат сите мерки кои се утврдени во локалните еколошки планови на општините, инспекциите да се постојано на терен, а загадувачите на воздухот да се откриваат во реално време и да добијат казна, да запре насилната урбанизација и уништувањето на зеленилото, а институциите конечно да дадат одговори колкав е соодносот и уделот во аерозагадувањето на индустријата, домаќинствата и...

(Фото) Град Скопје не организираше новогодишен огномет, но затоа скопјани не потфрлија

За прв пат по долги години, локалната власт во главниот град Скопје не организираше огномет при дочекот на Новата Година. Сепак, како што може да се види од фотографијата, скопјани не потфрлија во поглед на искористените пиротехнички средства точно на полноќ.

НаТочак и Зелен хуман град со предлози до Арсовска за градскиот буџет за 2022 година

Иницијативата НаТочак испрати писмо до скопската градоначалничка Данела Арсовска, градските советници и стручните служби во Град Скопје, со кои се потсетуваат на 11 предлози кои тие сметаат дека треба да бидат опфатени во градскиот буџет за 2022 година. НаТочак од Буџетот на Град Скопје за 2022 година бара 70 милиони денари за реконструкција на пешачката и велосипедската инфраструктура, а 30...

Родово сензитивни локални самоуправи за нова енергија во децентрализацијата

Во моментов има само две жени градоначалнички во Македонија и тоа е поразителна бројка, нагласи денес градоначалничката на Скопје и претседателка на Заедница на Единиците на Локалната Самоуправа (ЗЕЛС), Данела Арсовска за време на своето обраќање на панелот „Родово сензитивни локални самоуправи“, кој беше дел од годишната конференција за децентрализација и локално управување во организација на УНДП. Таа потсетувајќи се...

Вистиномер: Арсовска најави, но не почна на 10 декември да го украсува Скопје за Нова година

„Вистиномер“ анализираше изборно ветување на сегашниот градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. Текстот го пренесуваме во целост: На 3 декември годинава, градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска излезе во видео обраќање на Фејсбук во кое вети дека: На десетти декември ќе отпочне новогодишното китење на градот Скопје. На мојот повик се одзваа општествено одговорни компании, кои со оглед на здравствено економската криза и на...

ЈСП планира да ја пушти во функција жичарата на Водно до Нова година

По речиси две години нефункционирање поради ковид-19 пандемијата, новото градско раководство денеска информираше оти планираат жичарата на Водно да ја пуштат во употреба до Нова година. На денешниот брифинг со новинарите, новиот директор на ЈСП-Скопје Иван Илиевски рече дека се дезинфицираат кабините, се проверуваат техничките можности на жичарата и хортикултурно се уредува зеленилото по трасата, за да може да профункционира...

Владата засега не добила информација од Град Скопје за прекинување на тендерот за БРТ-то, став допрва ќе гради

Владата на РСМ и Министерството за финансии засега немаат добиено информација од Градот Скопје дека планираат да ја прекинат реализацијата на проектот за воведување Бас рапид транзит - БРТ во Скопје, односно дека се откажуваат од автобуското метро. „Доколку Владата и Министерството за финансии добијат официјално известување од страна на Град Скопје, дополнително ќе се произнесат за истото и воедно...

Експертите ѝ порачуваат на Арсовска во однос БРТ системот: Не брзајте со стратешки одлуки!

За 1% пропадна референдумот за воведување на трамвај во Скопје кон крајот на 1980-тите години, по што беа потребни 30 години за да почне повторно да се спроведува постапка за воведување на алтернативен јавен превоз во главниот град. Не брзајте со одлуките, е ставот на експертите по вчерашната изјава на скопската градоначалничка Данела Арсовска дека нема да го реализира...

Данела Арсовска ја презеде градоначалничката функција од Петре Шилегов

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник при што победничката кандидатка Данела Арсовска ја презеде функцијата од Петре Шилегов. Таа ќе биде првата жена која ќе раководи со главниот град од осамостојувањето до денес, како и прва градоначалничка по 73 години откако Вера Ацева била избрана на оваа функција во далечната 1948 година. Арсовска на...

Родова еднаквост во политиката: Од зборови да се прејде на дела, ред е на мажите да престанат со опструкции

По 73 години откако Вера Ацева беше првата градоначалничка на Скопје во далечната 1948, денеска Данела Арсовска официјално ќе почне да ја врши својата функција. Таа и градоначалничката на Старо Нагоричане, Жаклина Јовановска ја добија довербата на гласачите, кои на овие локални избори, од вкупно 297 кандидати за градоначалници, имаа можност да гласаат само 26 жени. Според активистките за правата...

Само две кандидатки избрани за градоначалнички на локалните избори во земјава

Во вчерашниот втор круг од локалните избори во земјава, само две кандидатки добија доволен број гласови за да бидат избрани за идни градоначалнички на општините. Останатите 79 градоначалнички позиции им припаднаа на мажите. Единствен исклучок се идната скопска градоначалничка Данела Арсовска, која што како кандидат беше поддржана од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и Жаклина Јовановска од СДСМ, која се избори...

ДИК: На третина пребројани гласови во Скопје, Арсовска води пред Шилегов со над 13.000 гласови

Кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска води со над 13.000 гласа пред кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов. На преброени 33,69 отсто од гласовите на Државната изборна комисија (ДИК), Арсовска има 41.972 гласови пред Шилегов којшто има добиено 28.771 гласови. По скопските општини, во моментов Шилегов води во општините Центар, Сарај и Чаир, додека Арсовска има водство во општините Карпош, Шуто...

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...