fbpx

Само две кандидатки избрани за градоначалнички на локалните избори во земјава

-

Во вчерашниот втор круг од локалните избори во земјава, само две кандидатки добија доволен број гласови за да бидат избрани за идни градоначалнички на општините. Останатите 79 градоначалнички позиции им припаднаа на мажите. Единствен исклучок се идната скопска градоначалничка Данела Арсовска, која што како кандидат беше поддржана од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ и Жаклина Јовановска од СДСМ, која се избори за градоначалничката функција во општина Старо Нагоричане, покажуваат првичните неофицијални податоци на Државната изборна комисија (ДИК).

Ваквата негативна родова распределба на градоначалничките мандати во вториот круг следи по првиот круг од локалните избори, кога ниту една жена-кандидатка за градоначалник не успеа да се избори за да дојде на чело на некоја од општините во земјава.

На вчерашниот втор круг од изборите, Теута Арифи од ДУИ во Тетово загуби од противкандидатот од БЕСА Билјал Касами. Во Арачиново, кандидатката од СДСМ Миликије Халими изгуби од Ридван Ибраими од ДУИ. Во скопската општина Центар, кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ Наташа Котлар-Трајкова изгуби од Горан Герасимовски од СДСМ. Во општина Македонска Каменица кандидатката од СДСМ Соња Стаменкова изгуби во вториот круг од Димчо Атанасовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Овој поразителен резултат е последица на фактот што во земјава не постојат квоти за балансирана родова застапеност на градоначалничките позиции во општините. Со само две избрани градоначалнички годинава, Северна Македонија го достигна вториот по ред неславен резултат по локалните избори во 2009 година, која ниту една жена не беше избрана за градоначалник на македонските општини.

Актуелниот резултат од двата круга на овогодинешните локални избори е полош од пред четири години, кога на чело на општините беа избрани шест кандидатки за градоначалнички низ локалните самоуправи во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...