fbpx

Родово сензитивни локални самоуправи за нова енергија во децентрализацијата

-

Во моментов има само две жени градоначалнички во Македонија и тоа е поразителна бројка, нагласи денес градоначалничката на Скопје и претседателка на Заедница на Единиците на Локалната Самоуправа (ЗЕЛС), Данела Арсовска за време на своето обраќање на панелот „Родово сензитивни локални самоуправи“, кој беше дел од годишната конференција за децентрализација и локално управување во организација на УНДП.

Таа потсетувајќи се на предизборната кампања за време на локалните избори рече дека не е за чудење што бројот на жени градоначалнички е намален, имајќи предвид дека жените на високи и одговорни позиции се предмет на напади.

„Ако нешто не се промени на ова поле, нема да има жени на високи раководни функции. Затоа, апелирам да дадете поддршка за секоја жена која во овој момент е предмет на напад, која континуирано се деградира. Тоа нема да се промени сè додека сите не застанеме во нивна одбрана“, рече Арсовска додавајќи дека таквото однесување не смее да се дозволи во ниту едно демократско општество.

„Не за насилството врз жените во јавниот живот треба да важи за секоја една жена во Македонија“, нагласи градоначалничката.

Арсовска исто така, на дводневната конференција, која годинава е на тема „Нова енергија во децентрализацијата: со полна пареа кон одржлив развој“, рече дека фокус на работата на ЗЕЛС ќе биде продолжување на преговорите со централната власт за пакетот промени кои се однесуваат на обезбедување поголема финансиска стабилност на локалната власт, преземање нови надлежности и промени во организациската поставеност на работењето на единиците на локалната самоуправа.

Учесниците на конференцијата на која беа презентирани Програмата за одржлив локален развој и децентрализација 2021 – 2026 и новите инструменти за финансирање на општините од централниот буџет заклучија дека локалниот развој е составен дел од напредокот на државата и директно влијае за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, па токму затоа сите засегнати страни треба заедно да работат во насока на создавање посилни општини.

„Министерството за локална самоуправа имаше исклучително успешна година, со нова Програма за одржлив локален развој и децентрализација, нова Стратегија за регионален развој, нов Закон за рамномерен регионален развој, финансиравме 152 проекти во планските региони и во општините во вредност од седум милиони евра, а за наредната година во Буџетот за оваа намена се планирани десет милиони евра со што продолжува трендот на континуирано зголемување на средствата за рамномерен регионален развој што се имплементираат преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој“, изјави Зоран Димитровски, заменик министер за локална самоуправа.

УНДП речиси две децении е партнер од доверба на општините и центрите за регионален развој преку имплементација на проекти за поддршка на процесите на рамномерен развој и децентрализација.

„Проектите кои ги спроведовме во изминатите години, во соработка со нашите партнери од локалната и од централната власт, со поддршка на донаторите, недвосмислено придонесоа за креирање посилни, потранспарентни и поодговорни општини и општински совети, поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации во процесот на носење одлуки, подготовка на документација за важни инфраструктурни проекти на локално ниво и поефикасни алатки за наплата на локалните даноци“, рече Армен Григорјан, постојан претставник на УНДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ангеловска-Бежоска: Земјите од Западен Балкан годишно губат 18 отсто од БДП поради родовиот јаз на пазарот на труд

Последователните економски шокови изминатите години дополнително го отежнуваат намалувањето на родовата нееднаквост, поради нивното понеповолно влијание врз женската популација. Кај повеќето земји од регионот на Западен Балкан стапката на...