fbpx

Бизнисмените со намалена доверба во судството

-

Недовербата во судскиот систем се зголемува, владеењето на правото е еден од предизвиците на кои алармираат и меѓународните институции во извештаите, а судските постапки траат несразмерно долго што е и причина за незадоволство кај деловната заедница, беше истакнато на денешната прес-конференција на Комората на медијатори во Сојузот на стопански комори.

„Должината на траење на судските постапки резултира со пролонгирање на разврска на должничко-доверителските спорови, при што неможноста да се наплатат побарувањата имаат за последица проблеми во ликвидност на компаниите, а кај оние со големи побарувања во судски спорови дури и отпочнување на постапки за стечај поради неможност за сервисирање на обврските. Сојузот како застапник на интересите на приватниот сектор, алармира на потребата да се афирмира како алтернативен начин на решавање на стопанските спорови со акцент на заштеда на време и средства кај компаните, во време кога е неопходно да се отпочне со реализација на структурни реформи во судството кои би ја вратиле изгубената доверба кај деловната заедница. “ реќе претседателката на ССК, Данела Арсовска.

Од  Европските земји, Кралството Холандија имаат висок процент на застапеност на медијацијата во решавањето на споровите. Во Македонија, вкупната бројка на медијации од 2007 до 2016 година, не можеше да достигне троцифрен број, од 2017 година, се забележува драстична разлика.

Согласно статистиката на Министерството за правда, од вкупно 1.364 предмети кои досега се евидентирани во регистарот на Министерството за правда, 79 отсто, односно 1.079 завршиле со спогодба. Што се однесува до стопанските спорови, од 395 медијации по овој основ пред медијаторите, 129 или 32,6 проценти завршиле со постигнати спогодби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...