fbpx

ММФ на консултација со бизнис-секторот: Структурни реформи за економски развој

-

Претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска оствари редовна средба со шефицата на Мисијата на ММФ за Македонија, Џесмин Рахман која е во посета на нашата земја од 8 до 16 ноември, со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија.

На средбата се дискутирало за предизвиците на приватниот сектор и деловниот амбиент во земјата. Арсовска ја истакнала важноста од спроведувањето на структурните економски реформи како приоритет и стратешка определба на земјата што би ја придвижиле економијата забрзано напред.

Суштината како што рече, е континуитет на реформите, како и овозможување предвидлив бизнис амбиент за приватниот сектор, како би можеле со сигурност да креираат повеќе годишни планови и да не се воздржуваат од инвестиции.

„Се додека нема национален консензус дека економските реформи треба да се приоритет, не можеме да очекуваме било каков напредок. Структурните економски реформи треба да се зацртани како идна сигурна стратегија, која без отстапка ќе се имплементира во следните години. Предвидливоста во овој момент ни е најголем проблем, бидејќи брзите промени на легислатиата треба да се пракса на минатото“, истакна Арсовска.

Дополнително било дискутирано за неформалната т.е сивата економија која е еден од најголемите предизвици за сите сектори во стопанството, бидејќи оние кои учествуваат во неа неправично и незаконски ги ставаат во повластена положба оние кои регистрирано работат и ги исполнуваат законските обврски. Според последните податоци на меѓународните организации, во земјава секоја година фирмите губат до 15 проценти од профитот поради сивата економија во сите сектори.

На средбата се дискутирало за важноста на владеењето на правото како клучен приоритет за инвестирање на компаниите во Македонија.

ССК остварува редовни консултации со мисијата на ММФ, во јуни годинава Арсовска оствари средба со Рахман, во Скопје на која меѓу другото се дискутираше и за минималната плата и реформите за покачување на животниот стандард.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...