fbpx

Сивата економија се уште ги мачи регистрираните фирми и им создава нелојална конкуренција

-

Проектот на УСАИД, Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа форум на тема: „Механизми за елиминација на сивата економија, имплементација и очекувани резултати“, во организација на Сојуз на стопански комори на Македонија.

„Бараме конкретни чекори од страна на институциите како носители на механизмите за справување со сивата економија. Предложени мерки се имплементација во пракса на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност со што би се регулирало работењето во сивата зона, но и здружена акција на граничните премини за спречување шверц. Да се отпочне на постапка за доброволна регистрација во прва фаза за нерегистрираните субјекти, доколку одбијат да се регистрираат да се применат репресивни мерки со изрекување на значителни глоби. Доколку не се превенира оваа нелојална конкуренција се ризикува и регистрираните да преминат во сивата зона но и да се дестимулираат и да не се регистрираат претприемачите и сите оние кои се охрабриле да се самовработат,“ изјави претседателката на Сојузот на Стопански комори, Данела Арсовска.

Љубомир Димовски, директор на Проектот на УСАИД, „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ истакна дека негативните ефектите од сивата економија ги чувствуваме веќе неколку декади, но веројатно сите компании, институции, владини претставници, би се согласиле дека заедно треба да најдеме решение и стимул како неформалното делување ќе се канализира во формалната економија.

„Покрај директни мерки мора да се размислува и за подигнување на јавната свест за последиците од неформалното работење. Неселективното спроведување на законите, едукација на претприемачите, регулирање на „дивите“ места за продажба, се идеи кои веќе треба да добијат конкретни контури. Неопходно е систематски да се намали и притисокот врз компаниите кои работат регуларно, затоа што во спротивно ризикуваме неусогласеност или затворање на субјектите поради борбата со нелојалната конкуренција и огромните потешкотии да се опстои на пазарот“, изјави Димовски.

Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива го спроведува „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“ во партнерство со Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поскапе осигурувањето за регистрација на возила за 15 отсто

Осигурувањето за регистрација на возила од вчера поскапе за 15 отсто. Новите цени ќе важат за товарните возила и за коли со моќност над 44 киловати, додека цената за...