среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: компании | 323 резултати

Лукаревска се закани на компаниите што нема да го платат солидарниот данок

октомври 31, 2023

На 24 ноември, Управата за јавни приходи (УЈП) ќе ги блокира сметките на компаниите што дотогаш не го платиле данокот на солидарност, што беше воведен помалку од месец. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, објасни дека на 6 ноември ќе бидат испратени опомени, а сметките на неплаќачите ќе бидат […]

Министерот Бујар Османи не поседува компании во Велика Британија

август 17, 2023

Несомнено постојат повеќе луѓе со име Бујар Османи, а оваа објава на Фејсбук манипулира со тој факт. Намерата е да се претстави лажен наратив дека министерот за надворешни работи Бујар Османи поседувал 10 фирми. Со пребарување на интернет со податоците на Османи наведени во неговата биографија, не најдовме ниту една фирма која може да се […]

Русија ја презеде контролата врз подружниците на „Данон“ и „Карлсберг“ во земјата

јули 17, 2023

Руската држава ја презела контролата врз руската филијала на францускиот производител на јогурт „Danone“ (Данон), како и уделот на пивската компанија „Carlsberg“ (Карлсберг) во локална пивара, покажува указ потпишан од претседателот Владимир Путин. Како што објави Гардијан, во декретот објавен вчера се вели дека руската држава „привремено“ ќе управува со акциите на „Данон Русија“ и […]

Извештај: Намален јазот меѓу Европа и САД во прифаќањето напредни дигитални технологии

мај 25, 2023

Повеќе од половина од фирмите на Европската Унија (ЕУ) презеле чекори за подобрување на своето дигитално присуство во 2022 година, како што е нудење услуги на интерес. ЕУ, исто така, го намали јазот со САД во прифаќањето напредни дигитални технологии, покажува новиот извештај „Дигитализацијата на Европа 2022 – 2023: докази од анкетата за инвестирање на […]

Шест милиони франци за поддршка на дуалното стручно образование

јануари 31, 2023

Швајцарија ќе обезбеди безмалку шест милиони франци за Р. С. Македонија, за да се развиваат реформите во средното стручно образование, односно да се развиваат стручните вештини кај средношколците. Со оваа инвестиција, како што информираат во Министерството за образование и наука (МОН), поддршката од Швајцарија за нашата земја за оваа намена досега вкупно изнесува 12 милиони […]

Високите цени на струјата седум пати ги зголемиле трошоците на компаниите, покажа анкетата на ОРМ

декември 15, 2022

Порастот на цените на енергијата и до седум пати ги зголемил трошоците на компаниите оваа есен, во споредба со претходната. Најголем предизвик за компаниите во моментов е цената на електричната енергија, а дури една третина размислуваат привремено да го прекинат производството или да го затворат бизнисот ако не се намали цената на струјата или доколку […]

Владата бара струја за индустријата, Битиќи вели ова се времиња на преживување

септември 24, 2022

Владата обезбедила суровини за производство на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар, што значи граѓаните и 70.000 компании нема да стравуваат за електрична енергија до март, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој информира дека Владата одлучила да интервенира и на слободниот пазар и се обидува да најде суровини за производство на […]

Владата воведува мерки за штедење струја, за институциите се задолжителни

август 16, 2022

Државните институции од септември ќе мора да воведат конкретни мерки за заштеда на струја, кои ќе подразберат намалување на сметките за електрична енергија за 15 отсто. За граѓаните и компаниите се предвидени препораки за заштеда на струја, но за државните институции има конкретни задолженија кои ќе мора да се исполнат, за да нема санкции. Министерот […]

Влада: Пад на цените на горивата за преку 10 денари по литар преку намалување на акцизите и ДДВ

март 9, 2022

Со дел од 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите, како и мерките за финансиска поддршка на деловните субјекти, цената на дизел горивото наместо 85,5 денари, колку што изнесува сега, ќе се намали за 10,5 денари и треба да изнесува 75 денари, додека бензинот наместо 91,5 денари ќе се намали околу […]

Во Скопје се одржа првиот Регионален младински саем за вработување

февруари 28, 2022

Првиот регионален младински саем за вработување денеска се одржа во хотелот Александар Палас во Скопје, којшто беше посетен од повеќе од 150 лица на возраст од 18 до 29 години коишто бараат работа, информираат од Националниот младински совет на Македонија. На саемот се претставија повеќе од 30 компании од различни индустрии, меѓу кои ИТ, маркетинг […]

„Аналитика“: Иницијативата „Отворен Балкан“ нуди можност за раст на компаниите што извезуваат

декември 21, 2021

Иницијатива „Отворен Балкан“ е од големо значење за извозно ориентираните компании од земјава и тие имаат големи очекувања од иницијативата, покажа истражувањето направено со 50 македонски компании. Истражувањето го направи Тинк тенк организацијата „Аналитика“. Како што велат од таму, многу голем процент од компаниите сметаат дека иницијатива „Отворен Балкан“ е од големо значење за нив, […]

Топланите бараат зголемување на цената на парното, РКЕ наредната недела ќе одлучи за колку

јули 23, 2021

Сите компании кои испорачуваат топлинска енергија бараат зголемување на цената на парното греење за претстојната грејна сезона. Од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) информираат дека ги добиле нивните барања. Според нив, ЕСМ Енергетика бара зголемување на крајната цена што ја плаќаат граѓаните и компаниите за 64,79 отсто, Скопје-Север за 15,54 отсто, а […]

Компаниите бараат да се донесе пакетот закони за управување со отпад, за да не бидат неправедно казнети

мај 17, 2021

Асоцијацијата за посебни текови на отпад при Стопанска комора бараат што побрзо носење на Законот за управување со отпад, Законот за управување со пакување и отпад од пакување, Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, Зконот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори како […]

Во првиот квартал, извозот од ТИРЗ зголемен за 67 отсто во однос на лани

мај 15, 2021

Растот во технолошко индустриските развојни зони продолжува и во месец април, со зголемен раст на извозот и увозот и стабилни работни места, покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ. „Извозните активности во зоните во април достигнаа 279 милиони евра, што е за 7 отсто повеќе споредено со март годинава. Дополнително, извозот во првите четири месеци од […]

За поголем извоз на глобалниот пазар, македонските компании ќе влезат во дата-базата на добавувачи од Западен Балкан

мај 10, 2021

Околу 400 македонски компании од сите сектори треба да бидат вклучени во дата-базата на компании од Западен Балкан при процесот на мапирање на добавувачи за полесен пробив до глобалните парази, најави Татјана Штерјова Душковска од Стопанска комора, претставник на Коморскиот инвестициски форум. Ова мапирање на добавувачите од Македонија е во рамките на пoддршката на добавувачите […]

Компаниите кои работат во економските зони лани оствариле добивка од 65 милиони евра

април 9, 2021

Компаниите кои работат во технолошко-индустриските-развојни зони (ТИРЗ) и кои учествуваат со 47 отсто во вкупниот извоз на земјата, минатата година оствариле вкупна добивка од 4 милијарди денари (65 милиони евра), што е за околу 40 отсто помалку во споредба со 2019 година, а тоа е резултат на намалената активност до средината на лани. Вкупните приходи, […]

Заев: Економијата заздравува, имплементацијата на сите пакет мерки е 82 проценти

април 8, 2021

Буџетските приходи се повисоки во однос на преткризниот период, 4,4 проценти е растот на вкупните приходи, пет проценти е растот на даноците и придонесите, истакна премиерот Зоран Заев. Според него, вториот пакет економски мерки е имплементиран 100 проценти, а севкупна имплементација од четирите пакет мерки изнесува 82 проценти или 860 милиони евра. Тој смета дека […]

Голема родова нееднаквост во управните органи на компаниите од Македонската берза

март 25, 2021

Мажите доминираат во органите на управување на акционерските друштва што котираат на Македонската берза, покажува родовата анализа што ја објави берзата. Во вкупно 98 котирани компании се евидентирани вкупно 632 лица-членови на органи на управување. Од вкупниот број членови на органи на управување во котираните компании само 24,2 отсто се жени. Уште е помал бројот […]

ТИР-зоните остануваат носители на извозот со речиси 48 проценти удел

март 17, 2021

Трендот на зголемени економски активности во Технолошко-индустриските зони продолжува и во вториот месец од годинава, покажува најновата анализа на Дирекцијата за ТИРЗ. „Компаниите активни во зоните учествуваат со 48 проценти од вкупниот извоз во националната економија, што е за три процентни поени повеќе од декември, со тенденција за понатамошен пораст. Истовремено вкупниот извоз од зоните […]

Развојна банка: Исплатени 23,5 милиони евра од „Ковид 3“ на 2.122 корисници со 16.009 вработени

март 6, 2021

Од бескаматната кредитна линија со грант компонента ,,Ковид 3”, која се реализира со финансиска поддршка од Европската Унија преку активноста ЕУзаОтпорност од ИПА програмата, заклучно со 5-ти март се исплатени 23,5 милиони евра за 2.053 корисници кои ги исполниле условите од јавниот повик. Од Развојната банка на Северна Македонија информираат дека заклучно со вчерашниот ден […]

Страна 1 од 16