fbpx

Министерот Бујар Османи не поседува компании во Велика Британија

Намерата е да се претстави лажен наратив дека министерот за надворешни работи Бујар Османи поседувал 10 фирми. Со пребарување на интернет со податоците на Османи наведени во неговата биографија, не најдовме ниту една фирма која може да се поврзе со него

-

Несомнено постојат повеќе луѓе со име Бујар Османи, а оваа објава на Фејсбук манипулира со тој факт. Намерата е да се претстави лажен наратив дека министерот за надворешни работи Бујар Османи поседувал 10 фирми. Со пребарување на интернет со податоците на Османи наведени во неговата биографија, не најдовме ниту една фирма која може да се поврзе со него, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Објава на социјалната мрежа Фејсбук, заедно со фотографија со листа од наводни регистирани имоти на име Бујар Османи во Велика Британија го тврди следното:

AKO E OVA AVTENTICHNO KAZHUVA MNOGU ZA TOA KOJ E POZADI SITE SR*NJA OVDE . ALBANEC VO OBEDINETOTO KRALSTVO MOZHE DA IMA VOLKU IMOT SAMO AKO PEE OPERSKI ARII ILI IGRA SHOTA KAJ MI – 6

Но, според дадената фотографија, во прашање  не се имоти, туку регистрирани компании. При пребарување на фирмите на веб-порталот на Централниот Регистар на Велика Британија, прво што забележавме е постоењето на четри лица со име и презиме Бујар Османи.

Извор: Companies House

Потоа во пребарувањата употребивме 3 информации од биографијата на министерот за надворешни работи Бујар Османи

  • Првата е неговата националност, тој е држјаванин на Република Северна Македонија.
  • Според неговата биографија, Бујар Османи е роден на 11 Септември 1979.
  • Од јавните документи, го имаме неговиот потпис.

Со овие податоци пребаравме за секој од лицата и регистрираните фирми.

 

1. Бујар Османи – Роден: Септември 1978

Извор: Companies House

Ова лице е државјанин на Велика Британија и роден една година пред министерот. Лицето било директор на фирмата. Фирмата била предводена заедно со FRIMPONG, David Nana Agyin, исто така, британски државјанин, со секретарката Nektare Osmani со која Бујар Османи од Британија ја делат истата адреса. Фирмата е затворена во 2010 од страна на Бујар Османи.

Од споредбата на потписите на министерот и британскиот Бујар Османи, се гледа дека потписите не се совпаѓаат, односно се сосема различни. Министерот Бујар Османи не ја поседувал PRISTINE CAR VALETING CENTRE LIMITED.

2. Бујар Османи – Роден: Јануари 1959

Втората личност со име Бујар Османи е родена во јануари 1959, 20 години пред министерот. Лицето поседува 2 компании и е директор на двете фирми и единствен вработен. И овој Бујар Османи е британски државјанин и неговата професија е електричар. B ELECTRICAL LTD е основана на 2 март 2015 година и и овде единствен вработен е Османи.

И овие потписи не се совпаѓаат, односно тие се сосема различни.

За другата компанија обележана како 06025160 не можевме да пронајдеме повеќе информации.

3. Бујар Османи – Роден: Септември 1976

Извор: Companies House

За разлика од претходните личности, овој Бујар Османи има државјанство во Албанија и е жител на Велика Британија.  Овој  Бујар Османи е роден 3 години пред министерот Османи. Директор е на фирма, O. C. FLOOR SCREEDING LTD и работи како градежник. Како придружник на Бујар спаѓа и CONNELL, Aoife, чија позиција е секретарка.

Според страницата на бизнисот, станува збор за семејна компанија. Не беа пронајдени дополнитлени информации за овој Бујар Османи или неговото семејство на дадената страница.

Не беа пронајдени потписи за споредба со овој Бујар Османи и министерот Бујар Османи.

 

4. Бујар Османи – Роден: Септември, 1978 на различен ден.

Извор: Companies House

Овој Османи е државјанин на Велика Британија и поседува една активна фирма, а останатите се затворени. Роден е во септември 1978 година, што не се совпаѓа со датата на раѓање на министерот.

Активната фирма е основана на 11 мај, 2022 заедно со KUTLLOVCI, Ismail, британски државјанин. Според потписот и останатите информации за лицето, можеме да потврдиме дека не станува збор за министерот Бујар Османи.

Османи бил единствен директор во ABSS CAR VALETING LTD и A6 VALETING LTD. Заедно со KUTLLOVCI, Ismail и QORROLLI, Shpend биле директори на ISB PROPERTY LTD, а во EXPRESS CAR WASH LTD со KUTLLOVCI, Mimoza биле директори.

 

Информации од Македонски извори

Дополнителни информации за тоа дали министерот Бујар Османи е сопственик на компании и каков имот поседува може да се добијат од податоците од анкетните листови за имотната состојба на избраните и именуваните функционери, кои се доставуваат во Комисијата за спречување на корупцијата . Министерот Бујар Османи до Комисијата го доставил следниот извештај.

Од тоа што можеме да видиме, министерот пријавил како недвижен имот куќа со површина од 400 метри квадратни, а како подвижен имот едно моторно возило.

И од кабинетот на министерот Османи ни беше официјално потврдено дека станува збор за дезинформација.

Според проверката на сите личности прикажани на постот и од увидот во анкетниот лис на министерот Бујар Османи,  можеме да заклучиме дека податоците изнесени во објавата на Фејсбук не се однесуваат на  македоснкиот шеф на дипломатијата.  Со оглед на сето ова, постот го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...