Шорткат ја носи приказната за кучето Медена – симбол на издржливоста

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот

Приказната за кучката Медена која стана симбол за кроткост и издржливост во Струга, и за скулптурата со која светски познатата уметница Лида ја овековечува Медена, погледнете ја во новата епизода на „Шорткат“ – нашите вести за млади.

Во најновото информативно издание носиме податоци за извршените здравствени услуги и активности кои ги побарале младите минатата година, за решавањето на проблемот со троската во велешката топилница, а ќе видиме и како помина доделувањето на Наградата за младинско учество.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот на сите наши канали на социјалните мрежи.