понеделник, 16 март, 2026
Meta.mk

Ознака: топилница | 46 резултати

Троската од Велес може да се реупотреби и така ќе се чисти, тврдат од Министерството за животна средина

23 февруари 2024

Троската од депонијата на некогашната топилница во Велес е отпад што може повторно да се употреби заради металите кои ги содржи во себе. Истиот случај е и арсенот од јаловиштето на некогашниот рудник „Лојане“, за кој исто така ќе се бара концесионер што ќе треба да го изнесе надвор од државата, за понатамошно искористување на […]

Велес дефинитивно не дава дозвола за дробење и мелење на згурата, депонијата останува закана за градот

21 февруари 2024

Општината Велес и официјално донела одлука да не ја продолжи Б-интегрираната дозвола на компанијата „Кепс Монт груп“, која требаше да ја извезе згурата од депонијата на топилницата како техногена минерална суровина. Од Општината за Мета.мк потврдуваат дека веќе се изработува и решението кое ќе го достават до концесионерот, а како причина за одбивање ќе бидат […]

Градоначалникот на Велес, Колев, нема да потпише дозвола за дробење и мелење на згурата од топилницата

6 февруари 2024

Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев одлучи да не ја потпише Б-интегрираната дозвола за компанијата „Кепс Монт груп“ која треба да ја исчисти депонијата со згура на некогашната топилница. Колев, на последната седница на Советот на Велес, изјави дека сериозно го анализирал барањето на „Кепс монт груп“, и дека смета дека е грешка што остатоците […]

Згурата од велешката топилница чека дозвола за да се извезува во Јужна Кореја и во Албанија

30 јануари 2024

Советот на Општина Велес утре ќе расправа за постапката за доделување нова Б-интегрирана дозвола на компанијата „Кепс Монт груп“, која има обврска да ја расчисти депонијата со тешки метали од некогашната топилница. Концесионерот, кому претходната Б-интегрирана дозвола му истече во октомври минатата година, сега бара дејноста да се дополни со уште две активности, дробење и […]

Годинава не е извезен ниту еден тон отпад од депонијата на топилницата во Велес

23 октомври 2023

Ниту еден тон од депонијата со згура на топилницата во Велес не бил извезен и оваа година. Црниот рид не се намалува и сè уште е закана за градот и за неговите жители. Се проценува дека на депонијата има околу два милиони тони троска, од кои голем дел се остатоци од металите обработувани во топилницата. […]

Вебинар за жешките еколошки точки: Потребни се итни решенија, за човечките животи се работи

10 октомври 2023

Решавањето на жешките еколошки точки во земјава е итно потребно и без дополнителни одлагања од страна на државните власти, констатираа соговорниците на денешниот вебинар насловен „Жешките еко-точки низ новинарска призма“. На настанот говореа професорот Трајче Стафилов од Институтот по хемија на Природно-математичкиот факултет, новинарите Бојан Блажевски и Сања Наумовска од новинската агенција Мета.мк. како и […]

Шорткат ја носи приказната за кучето Медена – симбол на издржливоста

17 август 2023

Приказната за кучката Медена која стана симбол за кроткост и издржливост во Струга, и за скулптурата со која светски познатата уметница Лида ја овековечува Медена, погледнете ја во новата епизода на „Шорткат“ – нашите вести за млади. Во најновото информативно издание носиме податоци за извршените здравствени услуги и активности кои ги побарале младите минатата година, […]

Министерството за животна средина дозволи отпадот од велешката топилница да се дроби и меле, за полесно да се извезе

14 август 2023

Троската од депонијата на велешката топилница ќе се дроби и меле пред да се извезува. Министерството за животна средина и просторно планирање го одобри елаборатот за заштита на животната средина за проектот „Експлоатација на техногена минерална суровина на локалитетот Баш Kолиби со поставување на постројка за дополнителни активности на дробење и мелење на ТМС во […]

Доцни расчистувањето на ридот со троска од велешката Топилница, загадувањето расте

28 мај 2023

Црниот рид со згура од велешката Топилница сѐ уште стои. Повеќе од три години откако започна проектот за расчистување на опасниот отпад што му се заканува на градот, нема речиси никаков напредок. Техногената минерална суровина не се копа и не се извезува, а од 2019 година, откако фирмата Кепс Монт груп доби Концесија од Министерството […]

Мирува расчистувањето на депониите во ОХИС и велешка топилница

18 март 2023

Расчистувањето на малата депонија со линдан во ОХИС и депонијата со згура на велешката топилница во моментов е во мирување. Двете најжешки еколошки точки во земјава се најголемите опасности за жителите и за животната средина на Скопје и Велес. Канцерогениот линдан е потврдено дека го има и во воздухот во главниот град и во водите […]

Згурата од Топилницата во Велес прво ќе се дроби и меле, па ќе се извезува

1 февруари 2023

Згурата од Топилницата во Велес прво ќе се дроби и меле, па потоа ќе се извезува. Концесионерот Кепс Монт Груп вели оти набавува нова технологија за дополнителна подготовка на техногената суровина, пред да се продаде. Во моментов во тек е монтирањето на постројката, која е набавена од Кина и има капацитет од 30.000 тони месечно, […]

Згурата од Топилница ќе се продава на берза, нема фирма што ќе ја откупи целата

16 септември 2022

Нема фирма која ќе ја откупи сета количина од металите од згурата од велешката Топилница, па техногената минерална суровина ќе се продава дел по дел на берза. Од концесионерот „Кепс монт груп“ велат дека работите мора да се придвижат и суровината да почне да се извезува, а во меѓувреме да се бара и сериозен купувач. […]

Денеска почнува втората сезона на „Шорткат“ со репортажа за труењето на Велес од троската

18 август 2022

Со освежен дизајн по двонеделната пауза, емитувањето на втората сезона од емисијата „Шорткат“ ќе продолжи денеска, во добро познатиот термин од 19 часот. Главната тема што ќе ја третираме во емисијата е депонијата со згура создадена од работењето на Велешката топилница, која што со децении ги труе жителите на овој град. Со дрон снимки од […]

Депонијата со згура од Топилница и понатаму го демне Велес [фото]

18 август 2022

Депонијата со згура на Топилница сѐ уште го демне Велес. Три години откако беше доделена концесија за нејзин извоз како техногена минерална суровина, само мали количини заминаа од градот. Црниот рид, во кој се проценува дека има над 1,8 милиони тони отпад, сѐ уште стои, а на локацијата веќе неколку месеци нема никаква активност. Таму […]

Чистењето и извозот на згурата од Топилницата во Велес чека проширување на Б-интегрираната дозвола  

12 април 2022

Концесионерот „Кепс Монт груп“ има рок до јуни да ја комплетира документацијата за поставување на нова линија за дробење на техногената минерална суровина од ридот со згура на некогашната Топилница во Велес. Компанијата од Општина Велес побарала можност за проширување на Б-интегрираната дозвола за поставување на нова инсталација до депонијата со троска, која треба да […]

Компанија од Украина ќе ја чисти згурата од Топилницата во Велес

1 февруари 2022

Компанија од Украина ќе ја купи целата згура од велешката Топилница. Новиот купувач и концесионерот „Кепс монт груп“ веќе потпишале договор, а во моментот се средува дополнителната документација. Работите на терен се очекува да започнат за два месеци, кога ќе треба да се монтира нова поголема сепарација. Извозот на суровините, кои можат да се извлечат […]

Железото од велешка Топилница нема опасни материи, може да се сече и продава на отпад

9 ноември 2021

Компанијата „Метрудхем“, која е сопственик на велешката Топилница, ќе може да продолжи да сече отпадни метални делови од некогашниот индустриски капацитет и да ги продава како старо железо. Во Елаборатот за заштита на животната средина, што компанијата во септември го доставила до Министерството за животна средина и просторно планирање, е констатирано дека, врз основа на […]

Згурата од велешка Топилница се извезува во Турција, а наскоро и во Албанија

19 октомври 2021

Згурата од Топилницата во Велес се извезува во Турција, а до крајот на годината ќе почне да се носи и во Албанија. Концесионерот „Кепс Монт груп“ во моментов преговара со компанијата од Турција, да откупува поголеми количини од минералната техногена суровина и да се интензивира извозот. Од таму велат дека секојдневно се сепарираат и товараат […]

Концесионерот што копа згура од Топилница бара измена на дозволата, Општината вели му фали техничка документација

15 септември 2021

Извозот на згура од велешката Топилница последните два месеци се заплетка во процедури низ локалните и државните институции. Од компанијата „Кепс монт груп“ за Мета велат дека побарале измена на Б- интегрираната еколошка дозвола за да можат да инсталираат сепарација од затворен тип, но Општината Велес го одбила барањето. Случајот во моментов се разгледува Второстепената […]

„Метрудхем“ нема да смее да сече метал во Топилница додека не изработи Елаборат за заштита на животната средина

2 јуни 2021

Компанијата „Метрудхем“, сопственик на објектот на велешката Топилница, ќе треба да изработи елаборат за заштита на животната средина, пред да продолжи со сечење на железото од објектите. По инцидентот што се случи минатиот месец кога експлозија и пожар ги вознемирија жителите на градот, капацитетот го посетија државни и локални инспектори, а на сопственикот му беше […]

Страна 1 од 3