fbpx

Се очекува усвојувањето на клучните закони да донесе позитивен извештај од Брисел

-

Две недели пред објавувањето на извештајот од Европската комисија (ЕК) за напредокот на земјава, невладините организации кои ги следат реформите во судството се оптимисти дека Северна Македонија ќе добие позитивен извештај, односно препорака за отворање на преговори за зачленување во ЕУ, пишува „Порталб“.

Маргарита Цаца – Николовска од Институтот за човекови права (ИЧП) вели дека земјава има напредок во областа на судските реформи и дека позитивниот извештај подразбира одобрување на сето она што е направено во земјата.

– Постои одреден развој, постои прифаќање на она што е посветеност на нашата земја во секоја област, има пофалби за меѓународните активности, односно Преспанскиот договор и договорот со Бугарија. Некои закони не се спроведени поради однесувањето на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, така што имаше некои објективни пречки за поголем развој. Сметам дека сите овие позитивни елементи треба да се земат предвид и да нè поттурнат во делот што значи одобрување на сето она што е направено. И понатаму ќе треба да се работи напорно за да добиеме позитивен сигнал со позитивен извештај и да речеме дека на некој начин ќе ни се овозможи влез во домот на ЕУ – вели Цаца – Николовска за „Порталб“.

И Ива Цоневска од Институтот за европска политика се надева дека ЕК ќе ги поздрави реформите во судството, но сепак предупредува дека во наредниот период државата треба да се посвети повеќе на праксата, односно на спроведувањето на законите.

– Неспорно е дека Европската комисија ќе ги поздрави реформите во судскиот сектор. Меѓутоа, во овие реформи фокусот беше ставен на усвојувањето на клучните закони. Очекуваме во наредниот период фокусот да биде ставен на спроведување на законите, со што ќе се зголеми независноста и ефикасноста на судството, а со тоа и довербата на граѓаните во судскиот систем. Во исто време, имплементацијата на новите законски решенија ќе биде од клучно значење за да се покажат резултати во контекст на активностите за воведните разговори во Глава 23. Важно е да се реши прашањето за статусот на Специјалното обвинителство. Се очекува дека, со политичките разговори околу Предлог-законот за Јавно обвинителство и со поднесените амандмани кон овој закон, меѓународните стандарди предвидени во оваа област нема да бидат исклучени – вели Цоневска.

И од Министерството за правда кратко изјавија дека очекуваат позитивна оценка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...