сабота, 14 март, 2026
Meta.mk

Ознака: Институт за европска политика | 13 резултати

Ковид-19 за неколку месеци успеа да го сруши деценискиот раст на авиосообраќајот во земјава [фото+инфографик]

1 ноември 2020

Како гром од ведро небо, пандемијата на ковид-19 удри врз авиосообраќајот во меѓународни рамки и за само неколку месеци успеа да го сруши бројот на превезени патници во воздушниот сообраќај на нивото кое беше пред четири и пол децении. И во Македонија бројот на превезени патници со авион за првпат во изминатава деценија ќе забележи […]

Членство во ЕУ: Преговори без преговори

11 септември 2020

Додека целата македонска јавност е возбудена за одамна очекуваниот и сѐ поизвесниот почеток на преговори за членство во ЕУ, едно од најчесто поставуваните прашања е колку ќе траат преговорите. Тоа во моментов никој не може да го предвиди. Меѓутоа, вреди да се потсетиме што всушност претставуваат преговорите за членство во ЕУ и од што зависи […]

Партиите зборуваат за ветинг, но не се подготвени бидејќи треба да ги исклучуваат своите членови

24 јули 2020

Иако политичките партии, за парламентарните избори 2020 година, во своите програми имаат вметнато и дел за спроведување на процесот на ветинг (верификација), такво нешто не се смета за разумно од меѓународниот фактор. Експертите за правни прашања тврдат дека без помош на меѓународните претставници, односно земјите – членки на ЕУ, со верификација на фактите во различни […]

Македонија очекува 3 милијарди евра од идниот седумгодишен буџет на ЕУ

22 јули 2020

Македонија може да смета на речиси 3 милијарди евра директна европска помош од новиот усвоен седумгодишен буџет на ЕУ и фондот за закрепнување на ЕУ, кои изнесуваат 1.824 милијарди евра. По долги преговори во услови на глобална пандемија со ковид-19, европските лидери во Брисел се согласија околу расходите за наредните седум години. Покрај за буџетот, […]

Со новата Методологија на ЕУ, ако нема напредок во реформите, на земјава ќе ѝ се ограничат фондовите

9 јули 2020

Почнувајќи од 1992 година па сè до почетокот на применувањето на новиот „Инструмент за Претпристапна помош“, кој во 2007 година постана познат како ИПA, Северна Македонија постојано добивала помош и продолжува да прима преку стотици проекти од Европската Унија. Финансиската помош на ЕУ, во рамки на ИПА програмата, има за цел да ѝ помогне на […]

За автомобили една гранична контрола меѓу Македонија и Србија – за воз чекаме пет години

27 август 2019

Побрзото патување со воз и воведувањето на заедничките гранични контроли меѓу Македонија и Србија ќе ја чекаат дури 2023 година. За нивното спроведување е неопходно да се изгради нов пограничен објект до железничката станица во Табановце, за чија изведба македонските власти во моментов собираат средства од Европската Унија (ЕУ) и од Европската банка за обнова […]

Се очекува усвојувањето на клучните закони да донесе позитивен извештај од Брисел

16 мај 2019

Две недели пред објавувањето на извештајот од Европската комисија (ЕК) за напредокот на земјава, невладините организации кои ги следат реформите во судството се оптимисти дека Северна Македонија ќе добие позитивен извештај, односно препорака за отворање на преговори за зачленување во ЕУ, пишува „Порталб“. Маргарита Цаца – Николовска од Институтот за човекови права (ИЧП) вели дека […]

„Мрежа 23“: Правосудството и почитувањето на човековите права се далеку од идеалното

3 април 2018

Македонија ја чека долг пат до подобрување на правосудството во целост, со многу чекори што треба да се превземат за да се осигури вистинско делење на правдата и подобрување на состојбата на почитувањето на човековите права, се посочува во „Извештајот во сенка за Поглавјето 23“, кој е подготвен и објавен во рамките на проектот „Мрежа […]

Граѓаните оптимисти за придобивките доколку влеземе во ЕУ

5 февруари 2018

Доколку Македонија влезе во ЕУ, драматично ќе се подобри демократијата во земјава, јавната администрација, судството, слободата на медиумите, борбата против корупцијата и човековите и малцинските права, сметаат големо мнозинство од вклучените во дебатната анкета на Институтот за европска политика – Скопје. Дебатната анкета (Deliberative Polling) е форма на политички консултации со спојување на испитување на […]

Страна 1 од 1