Светска банка ja поддржува економијата со инструменти за инвестиции и за развој

Проектите што во изминатите години се реализираат во Македонија со поддршка од Светската банка, а кои се во насока на спроведување на реформите, зголемување на конкурентноста и на подобрување на инфраструктурата, на долг рок ќе донесат позитивни резултати за македонската економија.

Ова денеска го истакна претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, на средбата со извршниот директор на Светска банка, Френк Хемскерк.

На средбата се дискутирало за досегашните реализирани активности во насока на зголемување на конкурентноста на компаниите, нивна поддршка, промоција и пласман на странски пазари, како и остварување на трговски партнерства.

Тема на разговор биле и глобалните економски текови, но и поддршката на инвестициите и развојот на македонската економија.