ССК од Владата побара нов сет на мерки за спас на економијата

-

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) на денешната официјална средба со премиерот и економскиот тим, ги потенцираше приоритетите кои треба да отпочнат да се реализираат уште во првиот месец од формирањето на новата Влада, за справување со кризата, а потоа за економско закрепнување.

Претседателката на Сојузот, Данела Арсовска на средбата со премиерот Зоран Заев  истакна дека најпрво е потребна директна финансиска помош за претпријатијата кои се во тешка состојба и се борат да ја одржат ликвидноста.

„Директна таргетирана финансиска помош во следните месеци е неопходна за опстојување и покривање на основните месечни трошоци, а воедно да се овозможи на оние на кои им е тоа неопходно одложување или репрограмирање на кредитите, аконтациите за даноци и другите финансиски оптоварувања минимум до крајот на годината. Најавата за укинување на парафискалните односно скриени давачки кои во вкупната сума често ги надминуваат даночните обврски, беше едно од нашите барања и очекуваме согласно ветеното реализација на ова ветување. Овие скриени и непредвидени трошоци кои согласно регистарот на ССК ги има повеќе од 145 се очекува да се скратат, со што во време на криза ќе биде дополнителна помош за претпријатијата,“ истакнала Арсовска.

Според нејзе, важно е и справувањето со сивата економија со одлучна акција уште во првите месеци од новата Влада.

„Ако не се реши во криза овој проблем, неиздржливоста на состојбите ќе поттикне даночна евазија. Доколку оние кои работат на црно нерегистрирани поминуваат неказнети, тоа ќе испрати лоши сигнали за сите граѓани кои се дисциплинирани и плаќаат даноци. Дополнително, посебен акцент треба да се стави на коалициската борба со корупцијата за да нема можност за изигрување на прописите“, додаде Арсовска.

Заев на средбата најавил капитални инвестиции, стабилна даночна политика, дигитализација, реформа во администрацијата, намалување на парафискалните давачки за 70 проценти, поддршка на извозот, владеење на правото.

Бизнисмените исто така истакнале дека на приватниот сектор исто така му е потребно владеење на правото, сигурност  и верба во институциите.

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини дека се...

„Козерија“ во ЗОО Скопје: Седум берберски овци угинале од гранки?

Седум берберски овци пред шест дена угинале во Зоолошката градина во Скопје. За настанот, Зоолошката градина извести дури денеска на нивниот профил на Фејсбук, а попладнево со соопштение излезе и Агенцијата...

Ја принудувал сопругата на проституција, шест лица под истрага за трговија со луѓе

Под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден истражители од Истражниот центар во обвинителството и Националната единица за...

Високи руски и американски претставници ќе одржат разговори за завршување на војната во Украина без претставници од Киев

Високи американски и руски претставници, вклучувајќи ги и главните дипломати на двете земји, ќе одржат разговори за подобрување на нивните односи и преговарање за крај на војната во Украина, соопшти Кремљ,...

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини...