Наредната недела ќе продолжи изградбата на Универзална сала

По двeгодишен прекин на градежните работи при промената на градоначалникот, Владата ја презема целосно концертната сала од Град Скопје, соопшти министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска

-

Следната недела ќе продолжи реконструкцијата на Универзална сала во Скопје, рече на прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Владата ја презема концертната сала од Град Скопје по двeгодишен застој при промената на градоначалници.

Костадиновска-Стојчевска рече дека одложувањето на работата на салата се должи на тоа што градоначалничката Данела Арсовска не ја предавала документацијата за салата на министерството.

„Поминавме еден многу интересен период во однос на примопредавањето на документацијата за Универзална сала. Од Град Скопје со месеци слушавме разни изговори зошто не можат да ја предадат документацијата. Кога сфативме дека нема никаков одговор тргнавме во прибирање на документација по потешкиот пат, преку Министерството за правда и сите инволвирани институции. Сега треба да се потпише само банкарската гаранција и наредната недела стартуваат градежните работи“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска во одговор на новинарско прашање.

Обновата на Универзална сала почна за време на мандатот на ексградоначалникот Петре Шилегов. Градежните работи за првата фаза, односно надворешноста, започнаа во септември 2021, непосредно пред локалните избори. Работата на салата траеше неполн месец, кога истата беше прекината кога Арсовска стапи на градоначалничкото место. Оттогаш, салата две години стои отворена и разурната. Арсовска тогаш тврдеше оти работата била прекината бидејќи проектот на нејзиниот претходник не бил безбеден, за што се искара и со проектантот, Асоцијацијата на архитекти на Македонија и министерката Костадиновска-Стојчевска.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...