fbpx
Таг: Данела Арсовска

таг: Данела Арсовска

Случајот „Комунална хигиена“ на виделина го извади сето ѓубре

Во целосен хаос и блокада помина викендот во главниот град, откако вработените во „Комунална хигиена“ почнаа протести и не го чистеа ѓубрето, Скопје почна да наликува на депонија, а надлежните институции топката, преку политички препукувања, си ја префрлаа едни на други. Вработените во „Комунална хигиена“ и вечерва се пред јавното претпријатие и протестираат, барајќи оставка од директорката Косана Мазнева-Николиќ, бараат...

Арсовска не се појави на советнички прашања, седницата беше прекината

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска не се појави на денешната седница на Град Скопје на советнички прашања, по што советниците од СДСМ ја напуштија салата бидејќи, како што рекоа, ќе нема кој да одговори на нивните прашања. Претседателот на Советот Трајко Славески, на почетокот на седницата извести дека стигнало известување од кабинетот на Арсовска дека градоначалничката нема да присуствува...

Арсовска: Мостот „Беласица“ би можел да биде делумно пуштен, но не сакаме да ризикуваме

Првичните испитувања на мостот Беласица направени од експертите покажале дека тој веќе може да биде пуштен за сообраќај за возила во по една лента во еден правец, за велосипедисти и пешаци, но сепак е решено да не се ризикува и да се изврши целосно испитување, порача градоначалничката на Скопје Данела Арсовска денеска, пренесе ТВ 21. „Од она што го имаме...

Мета факт: Втората половина од 2023 пристигна, ни трага ни глас од бесплатен јавен превоз во Скопје

Втората половина од 2023 година пристигна, а нема ниту трага ниту глас од изјавите на скопската градоначалничка Данела Арсовска дека токму во овој временски период граѓаните на Скопје ќе имаат бесплатен јавен превоз. Оваа изјава на градоначалничката е невистинита. Скопската градоначалничка Данела Арсовска ветувањето за бесплатниот јавен превоз го вметна како еден од клучните проекти во предизборната „Програма за...

Бесплатен јавен превоз: Ќе се отстрани ли дискриминацијата врз студентите од приватните универзитети?

Индиректна продолжена дискриминација врз основа на личен и општествен статус извршил Град Скопје врз студентите од приватните универзитети, со тоа што не им овозможил бесплатен јавен превоз, како што е случај со нивните колеги од државните високообразовни установи. Ова го утврдила Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) откако двајца студенти од Куманово поднеле претставки, во кои велат...

„Трезорот не е хакиран“ – Министерството за финансии ја демантира Арсовска

„Не е вистина дека е хакиран, трезорот работи“, велат од Министерството за финансии, откако градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска завчера на седница на Совет на Град Скопје рече дека ниту една институција не може да си наплати побарувања, бидејќи имало хакерски напад врз Министерството за финансии.  „Зошто никој не зборува за хакерскиот напад на Министерство за финансии, три недели...

Мета факт: Нема градска лабораторија за контрола на загадувањето во Скопје, едно од предизборните ветувања на Арсовска

Едно од ветувањата во изборната програма на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, беше отворање на лабораторија која ќе го следи загадувањето во главниот град и заедно со градскиот Инспекторат за животна средина ќе се бори против загадувачите. Скопје е еден од најзагадените градови во земјава, а многу често се наоѓа и на светските листи на градови со најлош квалитет на...

Мета факт: Ветениот систем за изнајмување велосипеди од Данела Арсовска чека евалуација

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во предизборната „Програма за модерно Скопје“ на граѓаните им вети воспоставување на систем за изнајмување велосипеди во главниот град. И покрај тоа што самата Арсовска во програмата наведува дека на Скопје итно му е потребна модернизација на системот за изнајмување велосипеди, реализацијата на ваквото ветување засега е во тек. Арсовска во „Програма за модерно Скопје“, со која...

Советниците повторно не го изгласаа предлогот на Арсовска за кредит од 10 милиони евра за еко-автобуси

Повторно не помина предлогот на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска во Советот на Град Скопје за земање кредит од 10 милиони евра за набавка на нови еко-автобуси. Градските советници се согласија дека на градот му се потребни дополнителни, нови автобуси, но бараа одговор на прашањата какви автобуси ќе се набавуваат, за што ќе се користат, како ќе се воведат нови...

Езерото и реката Треска денес – грозотии од расфрлано ѓубре и разурнати објекти [фото]

Никогаш погрозно и потажно во историјата не излегале реката и езерото Треска. Десетина диви депонии по крајбрежјето на реката Треска околу селата Сарај и Шишево ги загадуваат речните води со најразновиден отпад, додека рушевините од некогашните објекти на езерото Треска до денешен ден го гнасат локалитетот којшто е испразнет од посетители. Само залутани странци кои одат кон Матка и...

Повторно директорски смени во ЈСП-Скопје и Градски паркинг

Фото: Небојша Гелевски
За помалку од две години, ЈСП-Скопје доби трет директор, додека јавното претпријатие Градски паркинг го очекува четвртиот директор што ќе биде назначен од скопската градоначалничка Данела Арсовска. Досегашниот директор на ЈП Градски паркинг, Крсте Петревски е назначен за нов директор на ЈСП-Скопје на местото на досегашниот директор Александар Стојковски. Градоначалничката допрва треба да го објави името на новиот директор...

Со 25 електрични возила нема да се реши аерозагадувањето во Скопје, велат советниците

Советот на Град Скопје денеска ја отфрли предложената одлука на градоначалничката Данела Арсовска за доделување субвенции за набавка на нови еко-возила на хибриден и електричен погон од страна на граѓаните и таксистите. Само пет советници гласаа „за“ оваа одлука, тројца советници гласаа „против“, а 1 беше воздржан, со што таа не беше усвоена од градскиот совет. Горјан Јовановски од советничката...

Вторпат се отфрла барањето на Арсовска за земање кредит за нови автобуси за ЈСП

Само 14 советници од Советот на град Скопје ја поддржаа точката предложена од градоначалничката Данела Арсовска за кредитно задолжување на Градот Скопје кај домашни банки за набавка на нови еко-автобуси за ЈСП-Скопје. Пред одржувањето на седницата, скопската градоначалничка рече дека постојните автобуси се стари и дотраени и не нудат задоволително ниво на услуга за граѓаните. „Со набавката на нови еко-автобуси...

Арсовска не отстапува од проектот за изградба на булевар и згради во Бутел

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, нема да отстапи од проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ во Бутел и покрај тоа што жителите поддржани од градоначалникот на општината Дарко Костовски, протестираат против оваа одлука. Арсовска ги повика жителите „да не потпаѓаат на манипулациите на градоначалникот“, бидејќи, како што рече, проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ во општина Бутел е...

Приватните превозници и Град Скопје постигнаа договор

По неколку месеци натегања, приватните превозници и Град Скопје постигнале усмен договор околу исплатата на долгот од 1,5 милиони евра, а до петок очекуваат три јавни повици на кои ќе можат да се пријават. „Конечно имаме договор со Градот Скопје, ги договоривме сите детали, од исплатата на долгот на ЈСП од 1,5 милиони евра, до пуштањето на јавните повици“, изјави...

Мета факт: Нема абер од чистење на дивите депонии во Скопје, кому му текне фрла ѓубре кај ќе стигне [фото]

Скопската градоначалничка Данела Арсовска во својата предизборна „Програма за модерно Скопје“ пред одржувањето на локалните избори во 2021 година како едно од клучните ветувања што ги даде пред граѓаните беше чистењето на сите диви депонии во првите 82 дена од нејзиното доаѓање на власт. Екипа на Мета.мк во текот на јануари 2023 година беше на неколку локации низ Скопје,...

Данела Арсовска разрешена од функцијата претседател на ЗЕЛС

На денешното гласање во Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија (ЗЕЛС), градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска беше разрешена од функцијата претседател на ЗЕЛС. Оваа функција од денеска ја врши градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, кого го избрале мнозинството членови на Управниот одбор на заедницата. Од ЗЕЛС соопштија дека Арсовска продолжува со активностите во ова тело,...

Вработените во МКЦ одговараат на Арсовска: Не ни го уништувајте ќејфот и љубовта кон работата

Вработените - се членови на Програмскиот колегиум на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, денеска одржаа прес-конференција, на која одговорија на вчерашните обвинувања изнесени од скопската градоначалничка Данела Арсовска. На денешниот настан тие не можеа во целост да одговорат на обвинувањата изнесени кон претходниот директор Ванчо Богоев, но потенцираа дека тој е отсутен од пресот од оправдани причини и...

Советот не го одобри предлогот на Град Скопје за кредит за набавка на нови автобуси за ЈСП

Советот на град Скопје денеска не го поддржа предлогот на скопската градоначалничка Данела Арсовска за одобрување на заем во некоја од домашните банки во висина од околу 10 милиони евра за набавка на нови автобуси за ЈСП-Скопје. За предлогот на Арсовска гласаа 15 советници, еден советник беше против, а 18 советници беа воздржани. Советниците се согласија дека ЈСП има потреба...

Сите за МКЦ пред Град Скопје, Арсовска со обвинувања за криминал

Триесетина минути пред движењето „Сите за МКЦ“ да одржи протестен собир пред Градот Скопје поради кратењето на буџетот и смената на директорот на јавната установа од областа на културата која е исклучиво посветена на младите, прес-конференција одржа градоначалничката Данела Арсовска. Таа, во свој препознатлив стил на конфронтација, го нападна поранешниот директор и го обвини за криминал најавувајќи кривична пријава. Арсовска...

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...