fbpx

Советот не го одобри предлогот на Град Скопје за кредит за набавка на нови автобуси за ЈСП

-

Советот на град Скопје денеска не го поддржа предлогот на скопската градоначалничка Данела Арсовска за одобрување на заем во некоја од домашните банки во висина од околу 10 милиони евра за набавка на нови автобуси за ЈСП-Скопје. За предлогот на Арсовска гласаа 15 советници, еден советник беше против, а 18 советници беа воздржани.

Советниците се согласија дека ЈСП има потреба од нови автобуси, но имаа и бројни дилеми. Па така, советничката од Алијанса на Албанците, Бујаре Абази го истакна проблемот со долгот што ЈСП го има кон приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“, за остварените возења на градско-приградските линии.

„Имаме автобуси кои во оваа ситуација не ги ангажираме, зошто не се ангажираат“, се запраша Абази во однос на ангажирањето на приватните автобуски превозници кои веќе не сообраќаат по улиците на Скопје.

Советниците од СДСМ изјавија дека ќе гласаат воздржано за предлогот на градоначалничката, бидејќи не гледаат економска оправданост на кредитот. Од СДСМ побараа информации на колку време ќе се исплаќа и како ќе бидат потрошени парите.

Советникот Гордан Шутаров од СДСМ потсети дека веќе е земен кредит од Европската банка за обнова и развој во висина од 70 милиони евра за изведба на брз автобуски превоз во Скопје.

„Проектот не се започнува, а не е ниту отфрлен. Треба да знаеме на што сме“, рече Шутаров, додавајќи дека веќе се плаќаат пенали за овој кредит, а истиот не е започнат со реализација.

Пред одржувањето на седницата на Советот на град Скопје, градоначалничката Данела Арсовски информираше дека е поднесена точка на седницата на градскиот совет, а со која би се подигнал заем во висина од 10 милиони евра од локална банка за набавка на 50 еколошки автобуси.

Амбасадорот на Обединетото Кралство за почетокот на реализацијата на Меѓународната стратегија за жените и девојките 2023-2030 

Понекогаш се чини дека борбата за родова еднаквост станува сѐ потешка и потешка. Жените во Иран се малтретирани поради начинот на којшто се облекуваат, девојките во Авганистан се спречени...
Premium WordPress Themes Download
Premium WordPress Themes Download
Free Download WordPress Themes
Free Download WordPress Themes
udemy course download free
download lenevo firmware
Download WordPress Themes
free download udemy course