сабота, 9 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Совет на Град Скопје | 45 резултати

Почеток на сообраќаен хаос без јавен превоз – на постојките наместо автобуси се чека такси

јануари 22, 2024

Само пусти автобуски постојки денеска можеа да се забележат низ главниот град, по протестот што следуваше откако на вработените во ЈСП не им беа исплатени декемвриските плати. Градот вриеше од такси возила, во неможност на граѓаните кои немаат сопствени автомобили да стигнат до работните места. По завршувањето на вонредната седница на Советот на Град Скопје, […]

Скопје останува без јавен превоз, советниците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за субвенции на ЈСП

јануари 22, 2024

Два и пол часа советниците во Градот Скопје расправаа дали на ЈСП Скопје треба да му бидат доделени субвенции од 11 милиони евра, за вработените да можат да ја земат декемвриската плата, а јавниот превоз да продолжи да функционира. Жестока дебата се водеше меѓу советниците, за на крајот со 22 „за“ и 13 воздржани да […]

Јавен градски превоз во Скопје нема да има ако Советот на Град Скопје донесе несоодветна одлука за субвенции

јануари 22, 2024

Граѓаните на Скопје утринава само до 9 часот можеа да го користат јавниот градски превоз, а потоа секој се снаоѓаше како стигне за да стигне до работното место или пак до друга дестинација. Синдикатот на ЈСП во 10.30 часот се собра пред Град Скопје каде што се одржува вонредната седница на која треба да се […]

Пиши-бриши со спроведувањето итни мерки против аерозагадувањето во Скопје

декември 28, 2023

Градските советници од Скопје пред неколку недели усвоија одлука за спроведување на итни мерки против аерозагадувањето, но прашање е што од овие мерки ќе се спроведе по денешните одлуки на Советот на град Скопје. По тој повод, денеска реагираа од советничката група на „Зелен хуман град“. „Уште од јануари 2023 година, „Зелен хуман град“ поднесе […]

Градскиот совет Ќосето го постави кај Ист Гејт, други одлуки не можат да донесат

декември 28, 2023

Нова редица од деструктивни одлуки донесоа денеска советниците во Советот на град Скопје. Набавката на еколошки автобуси за ЈСП-Скопје не се изгласа, исто како што не помина ниту одлуката за изградба на брзиот автобуски систем – БРТ во Скопје. Не поминаа ниту предложените измени кај субвенциите што треба да се издвојат за јавните претпријатија во […]

Советот на град Скопје го усвои буџетот за 2024 година

декември 27, 2023

Со 25 гласа „за“, еден „против“ и двајца „воздржани“, Советот на град Скопје попладнево го усвои градскиот буџет за 2024 година. Во салата присуствуваше минимал број на советници неопходен за да се изгласа буџетот на Град Скопје за наредната година, односно присуствуваа само 28 од вкупно 45 советници. Евидентно беше дека во салата недостигаат најголемиот […]

„Ну, погоди!“, кој треба да преземе мерки против аерозагадувањето?

декември 26, 2023

Од централна на локална власт и обратно. Вака деновиве кружат обвинувања меѓу институциите на национално и на локално ниво во однос на тоа кој треба да преземе мерки за справување со високото ниво на загаденост на воздухот во македонските градови. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во изјава за емисијата „Топ тема“ […]

ВМРО, Левица и Зелен хуман град против изградбата на автобуско метро во Скопје

ноември 28, 2023

Тоталната блокада на главниот град продолжува и во однос на реализацијата на проектот за воведување алтернативен и висококапацитетен јавен превоз во Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска со месеци претходно ја одложуваше реализацијата на автобуското метро – Бас рапид транзит, за пред неколку дена од Град Скопје да соопштат дека ги коригирале пречките на проектот предизвикани од […]

ЈСП ќе добие дополнителни субвенции, советниците на ВМРО-ДПМНЕ бесни

ноември 14, 2023

Со многу кавги и префрлувања помина денешната седница на Советот на Град Скопје, на кој на крајот беа усвоени дополнителните субвенции за ЈСП-Скопје во висина од 110 милиони денари. Со 24 советници коишто гласаа „ЗА“ и двајца против, Советот на Град Скопје попладнево ја донесe одлуката за субвенции. Од ВМРО-ДПМНЕ, чии советници денеска присуствуваа на […]

На Скопје му се заканува прекин на јавниот превоз, ЈСП не доби нови субвенции

октомври 26, 2023

Ќе има ли повторно застој во скопскиот јавен превоз и неисплатени плати на вработените во ЈСП-Скопје? Советот на Град Скопје денеска не ја усвои одлуката за издвојување на дополнителни субвенции за ЈСП во висина од 110 милиони денари, поради тоа што советниците на ВМРО-ДПМНЕ иако беа присутни на седницата, не гласаа за оваа одлука и […]

Арсовска не дојде на советнички прашања, чистеше суви гранки на Водно

октомври 26, 2023

Залуден беше уште еден обид да се одржи седница за советнички прашања во Советот на Град Скопје, каде што градоначалничката Данела Арсовска требаше да одговара на прашањата упатени до неа. Таа беше на Водно да врши увид како се сечат суви дрвја и грмушки и се кројат гранки на двете постоечки велосипедски патеки на Водно. […]

Владата ќе ја реконструира Универзална сала по застојот направен од Град Скопје

септември 18, 2023

Владата ќе ја доврши реконструкцијата на Универзална сала, која веќе подолг период е оставена како руина поради тоа што Градот Скопје доцнеше со реализацијата на овој градежен зафат. На последната седница на Советот на град Скопје со гласовите на советниците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука овој култен објект да биде преземен од Министерството […]

Нова доза препукувања меѓу Данела Арсовска и советниците од ВМРО-ДПМНЕ

август 31, 2023

Советот на град Скопје денеска имаше неуспешен обид за одржување на седница за поставување на советнички прашања. Скопската градоначалничка Данела Арсовска не дојде на седницата, поради што реагираа од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Поради ова, претседателот на градскиот совет Трајко Славески ја прекина седницата за советнички прашања, но и ја одложи 34-тата редовна седница на […]

Реакциите по посетата на Курти не стивнуваат, Арсовска бара преименување на „Адем Демачи“

август 14, 2023

Данела Арсовска ќе бара преименување на улицата „Адем Демачи“ во Чаир во „Втора Македонско-косовска бригада“, додека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓусебно се прозиваат за посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Скопје и Тетово. Скопската градоначалничка денеска до Советот на Град Скопје поднела иницијатива за враќање на името на улицата „Втора македонска бригада“ која претходниот состав […]

Арсовска и Мазнева не дојдоа на вонредната седница за сметот со градските советници

јули 13, 2023

Вонредна седница на Советот на Град Скопје беше свикана денес за несобирањето на ѓубрето кое деновиве го преплави Скопје. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не се појави на вонредната седница, исто како и директорката на ЈП Комунална хигиена Скопје, Косана Мазнева. Според вчерашните изјави, тие проблемот со ѓубрето, односно со еколошката катастрофа која траеше […]

Арсовска не се појави на советнички прашања, седницата беше прекината

јуни 29, 2023

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска не се појави на денешната седница на Град Скопје на советнички прашања, по што советниците од СДСМ ја напуштија салата бидејќи, како што рекоа, ќе нема кој да одговори на нивните прашања. Претседателот на Советот Трајко Славески, на почетокот на седницата извести дека стигнало известување од кабинетот на Арсовска […]

Советниците прифатија бесплатен паркинг во Скопје за лицата со попреченост од другите градови

март 30, 2023

Советот на град Скопје на денешната седница ја усвои иницијативата со којa се овозможува лица со попреченост од други градови бесплатно да се паркираат во Скопје. Иницијативата беше поднесена на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, а за неа гласаа сите 35 советници кои беа присутни на седницата. „На ден 16-ти март 2023-та година јавноста беше […]

Со 25 електрични возила нема да се реши аерозагадувањето во Скопје, велат советниците

март 30, 2023

Советот на Град Скопје денеска ја отфрли предложената одлука на градоначалничката Данела Арсовска за доделување субвенции за набавка на нови еко-возила на хибриден и електричен погон од страна на граѓаните и таксистите. Само пет советници гласаа „за“ оваа одлука, тројца советници гласаа „против“, а 1 беше воздржан, со што таа не беше усвоена од градскиот […]

Вторпат се отфрла барањето на Арсовска за земање кредит за нови автобуси за ЈСП

март 30, 2023

Само 14 советници од Советот на град Скопје ја поддржаа точката предложена од градоначалничката Данела Арсовска за кредитно задолжување на Градот Скопје кај домашни банки за набавка на нови еко-автобуси за ЈСП-Скопје. Пред одржувањето на седницата, скопската градоначалничка рече дека постојните автобуси се стари и дотраени и не нудат задоволително ниво на услуга за граѓаните. […]

Отфрлена идејата на СДСМ да се отстапи реконструкцијата на Универзална сала на Владата

март 30, 2023

Советот на град Скопје денеска ја отфрли иницијативата на советничката група на СДСМ за Градот Скопје да го отстапи проектот за реконструкција на Универзалната сала на Владата на РСМ. Оваа точка на дневниот ред не беше изгласана, бидејќи мнозинството советници, иако беа присутни во салата – вкупно 38 на број, одлучија да не гласаат за […]

Страна 1 од 3