fbpx
Таг: одбиена

таг: одбиена

Советот не го одобри предлогот на Град Скопје за кредит за набавка на нови автобуси за ЈСП

Советот на град Скопје денеска не го поддржа предлогот на скопската градоначалничка Данела Арсовска за одобрување на заем во некоја од домашните банки во висина од околу 10 милиони евра за набавка на нови автобуси за ЈСП-Скопје. За предлогот на Арсовска гласаа 15 советници, еден советник беше против, а 18 советници беа воздржани. Советниците се согласија дека ЈСП има потреба...

И Мукоски останува во притвор, одлучи Апелација

Апелацискиот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата за продолжувањето на притворот и на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, осомничен за минатогодишните насилства во Собранието од 27 април. Второстепениот суд за жалбата на Мукоски одлучувал на затворена за јавност седница. Со одлуката на Апелација Мукоски останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари, кој на 27 декември, минатата година...

Израел ја одби наградата на УНЕСКО за институтот „Волкани“

Израелската влада решила да ја одбие наградата што Агенцијата за образование, наука и за култура на Обединетите нации (УНЕСКО) одлучи да ја додели на институтот „Волкани“ за достигнувања во областа на природните науки, јавуваат светските агенции. Одлуката за одбивање на наградата ја донеле министрите за образование и за земјоделство на Израел, Нафтали Бенет и Ури Ариел, во договор со кабинетот на...

Управниот суд ја одби тужбата на Неделкова против Судскиот совет

Управниот суд ја одбил тужбата на судијката Лидија Неделкова против Судскиот совет, во врска со резултатите од вонредното оценување на кандидатите за претседател на Врховниот суд, јавува „Телевизија 24“. Неделкова поднесе тужба до Управниот суд откако Судскиот совет го одби нејзиниот приговор во кој таа имаше забелешки на начинот на кој Советот го спровел вонредното оценување на кандидатите за претседател...

Судот го одбил барањето на СЈО за претрес на системите во телекомуникациски оператор

Судија на претходна постапка го одбил барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да издаде судски налог, во рамките на случајот „Таргет“, за претрес на компјутерските системи во еден од телекомуникациските оператори заради обезбедување податоци и докази во врска со телефонските броеви што биле цел на незаконското следење на комуникациите. СЈО ваквата одлука ја обжалило до Кривичниот совет, но и оттаму, информираат...

Кривичниот совет ја одби како неоснована жалбата на СЈО за пасошот на Мијалков

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 денеска ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство и ја потврдил одлуката на судијката Елена Јосифовиќ да не им бидат одземени пасошите на ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, поранешниот шеф на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, и на поранешниот помошник-министер во...

Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО за пасошот на Канческа-Милевска

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) на одлуката на судијата на претходна постапка да не им ги одземе пасошите на актуелната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска, и уште едно осомничено лице во случајот „Тендери“. Освен одземање на пасошите, СЈО бараше од судот на двете осомничени лица да им биде наложено и...

Апелацискиот суд ја одби жалбата на СЈО за неизземањето на судијката од „Трезор“

Апелацискиот суд Скопје ја одби жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) против одлуката на претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, кој не го прифати барањето за изземање на судијката на претходна постапка што треба да одлучува за мерките за претпазливост за тројца осомничени во случајот „Трезор“. Специјалното јавно обвиниетелство бараше изземање на судијката поради сомнеж во нејзината непристраност. Поточно,...

Ципрас ја одбил поканата за средба со Меркел и со лидерите на ЕУ во Берлин

Грчкиот премиер Алексис Ципрас ја одбил поканата на германската канцеларка Ангела Меркел да учестува на неформален состанок на европските лидери, кој треба да се одржи в недела во Берлин, пренесува весникот „Катимерини“. Состанокот во Берлин се смета за подготовка за вонредниот самит на Европската Унија закажан за петок следната недела. Во Грција се поставува дилемата зошто Ципрас ја одбил оваа покана,...

Судот му го продолжи притворот на Талески, а Апелација ја одби жалбата на адвокатите

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска на барање на Специјалното јавно обвинителство му го продолжи куќниот притвор на битолскиот градоначалник Владимир Талески за нови 30 дена, соопштија попладнево од судот. Од судот, покрај продолжувањето на притворот, информираат и дека Апелацискиот суд Скопје ја одбил жалбата на одбраната на Талески за продолжувањето на притворот од 21 јули, и го...

Кривичниот совет ја одби жалбата на СЈО и за другите осомничени во „Тврдина“

Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 ја одбил жалбата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и го потврдил решението на судијата на претходна постапка да не им одреди мерки на претпазливост на тројца од осомничените во случајот „Тврдина“. „Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по жалба на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...