Дигитализацијата на картотеките од Институтот за македонски јазик во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Милиони листови хартија со стари македонски зборови, дијалекти и изрази сега се достапни во дигитална форма. За сложениот процес на дигитализација на картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ погледнете во новата епизода на „Шорткат“.

Во новите вести за млади информираме за протестот пред Младинскиот културен центар (МКЦ) за заштита на оваа културна институција од обидите за партизација и поради намалувањето на финансиските средства.

Го проследуваме и стартот на новата учебна година, а меѓу темите што ќе ги опфатиме се и увозот на возилата и процентот на смртност поради аерозагадувањето.

Од светот на технологијата, ја носиме веста за масовните отпуштања во „Гугл“ и онаа за првата отпечатена книга напишана со помош на вештачка интелигенција.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва на нашите канали на социјалните мрежи.