fbpx

Данела Арсовска разрешена од функцијата претседател на ЗЕЛС

-

На денешното гласање во Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија (ЗЕЛС), градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска беше разрешена од функцијата претседател на ЗЕЛС. Оваа функција од денеска ја врши градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, кого го избрале мнозинството членови на Управниот одбор на заедницата.

Од ЗЕЛС соопштија дека Арсовска продолжува со активностите во ова тело, како член на Управниот одбор, затоа што и според Статутот на заедницата, градоначалникот на Град Скопје по функција е член на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Во соопштението на Град Скопје се вели дека Арсовска била разрешена од позицијата со „здружени гласови на градоначалниците на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ“ и дека ова било пример за соработката помеѓу двете партии на штета на граѓаните.

„На постојниот политички естаблишмент очигледно му пречат луѓе со визија, вредни и чесни, луѓе кои се независни и делуваат исклучително во интерес на граѓаните. На СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ очигледно му пречат луѓе кои знаат да кажат не на корупцијата и криминалот, луѓе кои јавниот го ставаат пред бизнис интересот на врхушката во партиите. Истите луѓе кои се најзаслужни за ерозија на македонското општество во сите сфери од денес ја преземаат контролата врз единствената национална асоцијација и непрофитна организација, во која на доброволна основа членуваат сите 80 општини и Градот Скопје“, се вели во реакцијата на Град Скопје.

Заедницата на единиците на локалната самоуправа е центар во кој се координираат активностите за подобрување на работењето на единиците на локалната самоуправа, со цел посуштинска реализација на стремежите и заложбите за подигнувањето на квалитетот на демократското остварување на процесите од локален карактер.

Арсовска беше избрана за претседателка на Управниот одбор на ЗЕЛС, а со тоа и за претседателка на заедницата на 22 декември 2021 година. Во последните години пракса беше претседател на ЗЕЛС да биде градоначалникот на Град Скопје. Досега, додека беа градоначалници на Скопје, претседатели на ЗЕЛС беа и Петре Шилегов и Коце Трајановски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...