fbpx

Арсовска не се појави на советнички прашања, седницата беше прекината

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска не се појави на денешната седница на Град Скопје на советнички прашања, по што советниците од СДСМ ја напуштија салата

-

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска не се појави на денешната седница на Град Скопје на советнички прашања, по што советниците од СДСМ ја напуштија салата бидејќи, како што рекоа, ќе нема кој да одговори на нивните прашања.

Претседателот на Советот Трајко Славески, на почетокот на седницата извести дека стигнало известување од кабинетот на Арсовска дека градоначалничката нема да присуствува на седницата.

„Од кабинетот на Арсовска ме информираа дека градоначалничката нема да присуствува поради наводна некоординираност на датумот на одржување на седницата. Тоа не е точно, бидејќи уште на 14 или 15 јуни беше испратено известување дека на 29 јуни се закажува седница за советнички прашања“, рече Славески.

Координаторката на СДСМ, Љубица Јанчева рече дека не е првпат Арсовска да не го почитува Советот и да не одговара на советнички прашања.

„Арсовска вели – јас работам чесно, принципиелно и одговорно. Градоначалничке колку сте чесна, одговорна и принципиелна кога на седница нѐ навредувате, не ни одговарате на прашањата и не присуствувате на седницата на советнички прашања. Одговорот не до мене, упатете го до граѓаните“, рече Јанчева.

И Марија Андоновска, координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата рече дека досега немаат добиено одговор на ниту едно прашање кое тие го поставуваат во името на скопјани.

„За што се трошат парите на скопјани на патувања на Арсовска и за екипата околу неа, што бенефит имаат од тие нејзини патувања? И зошто тие патувања ѝ се поважни од одговарање на прашањата и работата во градот Скопје. Во Скопје сѐ уште не се случува ништо, полошо никогаш не било“, рече Андоновска.

По овие излагања, а со оглед на тоа што на седницата немаше кворум за работа, откако си заминаа советниците од СДСМ, седницата беше прекината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...