Нострадамус не предвидел дека „човекот ќе јаде човек“

Вакви наводни предвидувања на Нострадамус за војни, поплави, немири, земјотреси и слично, постојано има во медиумите. Тоа не значи дека се вистинити и поткрепени со докази. Дури и луѓето кои се занимаваат со пишаните докуметни на Нострадамус не се сигурни што, всушност, „пророкот“ сакал да каже

-

Пророштвата на Нострадамус се нејасно напишани, па невозможно е директно да се поврзат со конкретен настан. Творештвото на Нострадамус е изразено во катрени, односно строфи од по четири реда во вид на стихови и загатки, кои не се хронолошки наредени. Постојат многу толкувачи на Нострадамус, а повеќето од нив различно толкуваат дури и еден ист стих што се однесува на иднината, токму поради нејаснотијата на неговото пишување во кое користел мешавина на други јазици, како грчки, италијански, латински и провансалски (дијалект). Сето ова прави да е невозможно да се тврди дека Нострадамус мислел конкретно на денешните случувања, како глобалното затоплување, инфлација, економска криза и дека наводно предвидел дека „човекот ќе јаде човек“, затоа што храната ќе биде скапа, пишува Вистиномер.мк.

 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Во објава на социјалната мрежа Фејсбук споделен е медиумски напис во кој се напишани наводни страшни предвидувања на пророкот Нострадамус за 2023 година, меѓу кои и дека „човекот ќе јаде човек“. Но, Нострадамус ниту предвидувал на ваков начин, ниту пишувал како што се тврди. Не е вистина дека тој предвидел вакви лоши работи коишто се шират на социјалните мрежи и добиваат на голема видливост.

Доаѓаат промени, страшни ужаси и време на одмазда…, пишува во постот.

Во рамките на постот е споделен  и текст со наслов: „Храната ќе биде скапа, човекот ќе јаде човек. Доаѓаат промени, страшни ужаси и време на одмазда”, во кој може да се прочитаат наводни предвидувања на Нострадамус за „уште една голема војна“, „економска криза и инфлација“„раст на цените“„големи поплави“„граѓански немири ширум светот“ како и „канибализам“ . Но, ова не е точно.

Нострадамус не предвидел вакви апокалиптични сценарија. Во неговите дела воопшто не може да се најдат зборови како „економска криза“, „инфлација“, „раст на цени“ и слично.

Вакви наводни предвидувања на Нострадамус за војни, поплави, немири, земјотреси и слично, постојано има во медиумите. Тоа не значи дека се вистинити и поткрепени со докази. Дури и луѓето кои се занимаваат со пишаните докуметни на Нострадамус не се сигурни што, всушност, „пророкот“ сакал да каже.

Текстот е напишан и објавен само поради контекстот на последните случувања како војната во Украина, поскапувањата на цените, протести во многу земји во светот и зголемените цени, нешто на коешто сведочиме секојдневно и без предвидувањата на Нострадамус. Објавата нема никаква друга цел освен да заплаши, да ја вознемири јавноста и да привлече што е можно повеќе видливост. Ова е очигледно постигнато затоа што објавата за кратко време станала многу вирална, со над 38 споделувања, 42 коментара и 135реакции (во моментот на нашата рецензија).

Пророштвата на Нострадамус се нејасно напишани, па невозможно е директно да се поврзат со конкретен настан.

Творештвото на Нострадамус е изразено во катрени, односно строфи од по четири реда во вид на стихови и загатки, кои не се хронолошки наредени. Всушност, повеќето од пророштвата на Нострадамус се слабо преведени, неодредени и нејасно формулирани, со што се отворени за разни читателски толкувања и интерпретации, што, пак, остава доволно простор да се поттикнат еден куп шпекулации, како што, впрочем, е и оваа објава.

Постојат многу толкувачи на Нострадамус, а повеќето од нив различно толкуваат дури и еден ист стих што се однесува на иднината токму поради нејаснотијата на неговото пишување.

Во пишувањето тој користел мешавина на други јазици како што се грчки, италијански, латински и провансалски, дијалект на Јужна Франција.

Ова прави да е невозможно да се тврди дека Нострадамус во своето творештво мислел конкретно на денешните случувања како глобалното затоплување,  економска криза, па дури и инфлација. Исто така, тој никаде не спомнал дека еден ден луѓето ќе јадат луѓе, односно дека ќе има канибализам затоа што храната ќе биде скапа.

Поради сите наведени факти заклучува дека оваа објава е невистинита, сензационалистичкa и служи само за зголемување на видливост.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...