„Шорткат“ во посета на Пробиштип, оловната прашина им го зема здравјето на граѓаните

Новите вести за млади ќе се емитуваат вечерва на сите социјални мрежи каде што сме присутни

Старото јаловиште на рудникот за олово-цинкова руда „Злетово“ што е лоцирано во Пробиштип е една од жешките еколошки точки во Македонија, за кое известуваме со наша репортажа во најновата епизода на „Шорткат“ што ќе се емитува вечерва. Труењето на граѓаните со тешки метали и плановите за санација на јаловиштето се главна тема во вечерашната емисија.

Во „Шоркат“ информираме и за тоа како помина четвртата Парада на гордоста во Скопје, но и за проблемот со корупција на факултетите за кој се жалат македонските студенти. Во емисијата носиме вест и за забраната за движење на возила во Националниот парк „Шар Планина“.

„Шорткат“ се емитува вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи – ИнстаграмТикТокЈутјуб и Фејсбук.