fbpx

Вторпат се отфрла барањето на Арсовска за земање кредит за нови автобуси за ЈСП

Од советничката група на СДСМ прашаа што се случува со проектот за изведба на Бас рапид транзитот во Скопје и се пожалија дека не добиваат информации за ова од градското раководство

-

Само 14 советници од Советот на град Скопје ја поддржаа точката предложена од градоначалничката Данела Арсовска за кредитно задолжување на Градот Скопје кај домашни банки за набавка на нови еко-автобуси за ЈСП-Скопје. Пред одржувањето на седницата, скопската градоначалничка рече дека постојните автобуси се стари и дотраени и не нудат задоволително ниво на услуга за граѓаните.

„Со набавката на нови еко-автобуси дополнително ќе се подобрат условите во јавниот превоз, ќе се стандардизира услугата за сите граѓани на градот, ќе се намалат трошоците, а што е и најважно, ќе го намалиме негативниот ефект врз животната средина“, изјави градоначалничката Арсовска на прес-конференција.

Сепак, советничката од СДСМ Љубица Јанчева пред гласањето за оваа одлука праша по кој концепт на јавен превоз истите еколошки автобуси би сообраќале низ Градот Скопје.

Нашата дилема како да се изјасниме, изјави Јанчева, е поради тоа што не добиваат информации од Градот Скопје што се случува со концептот за Бас рапид транзит (БРТ-Скопје). Јанчева додаде дека тие како советници прашуваат и за состојбата со ЈСП-Скопје, но не добиваат информации од градските власти. Јанчева потсети дека на Градот Скопје од проектот за изведба на БРТ му произлегуваат финансиски обврски.

„Не знаеме како да се изјасниме во оваа точка. Да ни се дадат информации од Град Скопје за Бас рапид транзитот, кој е новиот модел што го најавува Данела Арсовска, за да можеме да имаме некакво мислење по однос на овие одлуки“, изјави советникот од СДСМ, Гордан Шутаров.

Градоначалничката Данела Арсовска откако беше прозвана од советниците, рече дека денес на дневен ред не е проектот БРТ, туку точката за модернизација и воспоставување стандарди преку која ќе се заменат дотрајаните автобуси исто како што се направило претходно, во 2019 година. Арсовска изјави дека пронашле над 100 недостатоци во однос на проектот за воспоставување на БРТ во Скопје, но и дека најголемиот дел од нив се разрешени, а процесот продолжува.

И покрај ова, мнозинството советници одлучија да не ја поддржат предложената точка од градоначалничката Данела Арсовска, со што не беше изгласана одлуката за кредитно задолжување за набавка на еко-автобусите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...