fbpx

Арсовска не отстапува од проектот за изградба на булевар и згради во Бутел

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, нема да отстапи од проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ во Бутел и покрај тоа што жителите поддржани од градоначалникот на општината Дарко Костовски, протестираат против оваа одлука

-

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, нема да отстапи од проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ во Бутел и покрај тоа што жителите поддржани од градоначалникот на општината Дарко Костовски, протестираат против оваа одлука.

Арсовска ги повика жителите „да не потпаѓаат на манипулациите на градоначалникот“, бидејќи, како што рече, проектот за изградба на булеварот „Боца Иванова“ во општина Бутел е еден од клучните проекти на програмата „За Модерно Скопје“, програма за која гласале 120.000 граѓани жители на градот.

„Огромен број од овие граѓани се жители токму на општина Бутел, кои самите го истакнаа овој проект како клучен за нив. Кога сме кај политиканството и ноторните лаги на Костовски и ВМРО-ДПМНЕ, апелирам да одговорат, дали е точно дека токму тие ги промовираа проектите од програмата „За Модерно Скопје“ и се фотографираа со граѓаните на кои им ветуваа дека програмата во целост ќе биде реализирана“, рече Арсовска на денешната прес-конференција.

Таа рече дека изградбата на овој булевар е предвидена во Генералниот урбанистички план за Скопје уште од 2002 година, а подоцна проектот бил потврден и со следниот ГУП од 2012 година, кога со градот раководел Коце Трајановски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Значи, овој булевар е предвиден и ветуван нешто повеќе од 20 години. Се работи за капитален проект за изградба на целосно ново булеварско решение, кое вклучува изградба на нова водоводна и атмосферска мрежа, како и ново улично осветлување. На булеварот се проектирани и велосипедска патека, пешачка патека и соодветно партерно уредување по целата негова должина“, изјави Арсовска.

Таа нагласи дека поголемиот дел од предвидениот булевар се простира на државно земјиште, но на останатиот дел, како што вели, постојат десетина семејства кои ги прошириле своите дворови и бесправно користат дел од државното земјиште на кое треба да се протега останатиот дел од булеварот.

Во однос на изградбата на згради во овој дел, градоначалничката Арсовска изјави дека ДУП на општина Бутел со кој се предвидува изградба на седум згради кои излегуваат на булеварот „Боца Иванова“ го направил тогашниот градоначалник Петре Латиновски, а го изгласале во 2015 токму советниците во советот на општина Бутел од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Овој ДУП за изградба на седум згради кој го изгласале токму од ВМРО-ДПМНЕ е сè уште на сила и во ниту еден момент во оваа измината година Дарко Костовски не реагирал да ги поништи овие седум објекти ниту на вцртувањето на нови згради во Бутел“, рече Арсовска.

Претходно, жители на улицата „Хо Ши Мин“ излегоа на протест за да им укажат на општинските и градските власти дека нема да дозволат изградба на дел од улицата „Боца Иванова“ со која ќе им биде одземено дел од земјиштето што го користат од 1964 година. На протестот се приклучи и градоначалникот Костовски, кој рече дека „нема да дозволи повторно да владее урбаната мафија“.

Тој, во однос на прес-конференцијата на Арсовска, на својот профил на Фејсбук напиша дека „за деталите, за политиканството на Арсовска и за тоа кој е со народот, а кој робува на приватните интереси, ќе соопшти на прес конференција во понеделник, од местото и со луѓето на кои Арсовска им ветуваше сè, а денес работи против“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...