fbpx

Во Хрватска со часови се обидувале да му помогнат на исцрпен шакал, жена му давала вода преку ограда

За жал, и покрај акцијата и хуманиот гест на луѓето, животното не преживеало, бидејќи имало повреди на главата

-

Вчера неколку жители од хрватско населено место со сите сили се обидувале да помогнат на целосно дехидриран и изнемоштен шакал, која со последните сили се довлечкал до еден од дворовите, пренесуваат хрватските медиуми.

Жителите му давале вода на повреденото животно и го повикале хрватското здружение за заштита на диви животни. За жал, и покрај акцијата и хуманиот гест на луѓето, животното не преживеало, бидејќи имало повреди на главата.

„Благодариме на сите добри луѓе, од градската управа до ветеринарната станица, благодариме на ветеринарот и на азилот, на госпоѓа Марија, прекрасна жена која прва помогна и без страв, со големо срце, му даваше вода на кутрото животно што се влечеше и бараше помош. Повредениот шакал се влечел до првото населено место, а жената веднаш почнала да ѝ дава вода преку оградата. Животното веднаш беше згрижено, заврши на инфузија, но утрово почина како последица на крварење“, објави на Фејсбук хрватското здружение AWAP.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...