Elder Scrolls Online е бесплатна за преземање на Epic Games до следниот четврток, 27 јули. Иако имаме повеќе написи што ја инволвираат Elder Scrolls V Skyrim и феноменот што го преставува (за тоа може да прочитате тука), оваа верзија на Elder Scrolls Online е MMORGP игра е најдобрата онлајн верзија за тој „свет” познат по главниот континент Тамриел. Ова е првиот трејлер за играта кој и до ден денес изгледа импресивно:
Играта функционира на два начина. Првиот е „Buy to Play“, се купува еднаш и се игра засекогаш (исто како Guild Wars 2) и тоа е основната верзија што ја добивате од Epic Games, но може да доплатите за премиум членство и месечна претплата со која ќе имате забрзано левелирање и достапност до повеќе зони и авантури кои се купуваат посебно. Сепак, тоа што бавно се левелира оваа игра не е негативен фактор, затоа што го продолжува искуството и уживањето на атмосферата во овој свет и кај повеќето играчи тоа не создава нервоза.
Станува збор за игра која одржува активна популација на голем број играчи и иако реално графиката е полоша од Скајрим, сепак го емулира чувството и атмосферата на ваквиот тип на игри, а по избор, може да се игра и во прво и во трето лице.
Тоа што е интересно е што како левелирате, можете сами да си ја оформувате класата или професијата која ќе ја играте, односно можете да комбинирате магионичар и воин, стрелец и лекувач и буквално со сите активности во играта ви се зголемуваат вештините за сè што правите. На пример, ако користите двораки мечови ќе ви се зголеми вештината со нив да мавате појако и побрзо, ако многу трчате ќе ви се зголеми способноста за ателетика, ако правите магии ќе ви се зголеми капацитетот за правење повеќе магии и од различен тип, што ви отвара нови врати за развој на ликот во сите правци.
Исто како на Скајрим и овде можете да одберете дали ќе станете Вукодлак (Врколак) со тоа што свесно ќе се заразите со ликантропија или пак вистински вампир ако одберете вампиризам.
Вукодлаците се особено моќни во PvP арените затоа што имаат вештини кои им даваат огромна предност. Има Battlegrounds нивоа, каде што се тепате група против група од рандом играчи и PvP-то може да биде многу забавно и играта да ве награди со појаки оружја од вршење на дневните мисии. Што се однесува до PVE искуството, има и Daily награди за вршење Dungeons како и во другите MMO-a обично е доста забавно затоа што и обичната верзија има голем варитет на различни нивоа, зависно од вашето ниво и од тоа колку ја имате истражено мапата или сте прогресирале со приказната.
Два од најиграните билдови кои се најпопуларни се wizard со громови, кој се комбинира со дворак меч или два меча кој е најигран “хибрид”, потоа генеричен Драгон-базиран фајтер кој е најбаран тенк и спамер на удари во PvP и особено бараната улогa на Healer, со која најбрзо добивате квота за правење што повеќе Dugneon-и последователно.
Популацијата во играта е изнедувачки голема и стабилна и тоа е така со години, односно секогаш „има народ”, а сега популацијата уште повеќе ќе се зголеми поради оваа популарна промоција. На повеќето играчи им е драго да ви помагаат и да играат дури и со почетниците.
Сè на сè, ова е една од најдобрите и најигривите MMO-a во моментов, но и една од најпотценетите. Сепак и оваа игра не е над Модирањето на Скајрим што до ден денес е популарно, но тоа е така бидејќи како мултиплејер игра Елдер Скролс Онлајн мора да има намалена графика за да функционира и на голем број послаби компјутери низ светот.
Играта во редовна продажба на Епик Гејмс е 20 евра, а ова е одлична шанса да се преземе бесплатно и да се игра неограничено.