Рама: Неопходно е да се зголеми бројот на силите на НАТО во Косово

Зборувајќи на неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници во Балканот, албанскиот премиер посочи дека настани како терористичкиот напад во косовското село Бањска покажуваат зошто е потребна дополнителна заштита од Aлијансата во регионот

-

На неформалниот состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот, денеска во Скопје, премиерот на Албанија Еди Рама зборуваше за потребата на зголемено воено присуство на НАТО во Косово.

„Неопходно е да се зголеми бројот на силите на НАТО во Косово и да се гарантира границата помеѓу Косово и Србија, граница која е вон контрола и е во служба на илегални активности, шверцување оружје, наркотични средства и активности коишто во понатамошниот тек се вмешуваат во политичката активност, со ултранационалистичка позадина, а коишто предизвикуваат големи пореметувања“, порача албанскиот премиер.

Рама на прес-конференцијата го потенцираше септемврискиот терористички напад во косовското село Бањска од страна на српски насилници, каде што припадник на косовската полиција го загуби животот. Таков настан треба да служи како наговестување, а не да стане спорадичен настан.

„Со овој настан излезе на виделина големиот потенцијал од дестабилизација и ескалација на одреден конфликт за којшто беше кажано дека местото да се реши и да се третира е само на една точка, да се отвори дијалог и преговори помеѓу Косово и Србија“, рече премиерот Рама.

Хрватскиот претседател Зоран Миловановиќ, кој исто беше присутен на состанокот, рече дека по инцидентот на северот на Косово останал воздржан кон воведувањето санкции кон Србија.

„Бев многу воздржан во однос на потребната реакција кон Белград и воведување санкции за што се залагаа многумина. Сметам дека санкциите како инструмент на надворешната политика се промашени. И тоа не го направив за да ја аболирам Хрватска од некаква одговорност за некое недозволиво однесување, тоа го направив од убедување, без да очекувам каква било против услуга“, објасни хрватскиот премиер.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес-конференцијата претходно кажа дека во НАТО постои загриженост за развојот на настаните во одредени држави во Западниот Балкан и затоа мора да се препознае силата и важноста на Алијансата во регионот.

„НАТО е присутен во овој регион со години. Во Косово го зголемивме нашето присуство со околу 1 000 дополнителни војници и со потешко вооружување. Секогаш сме претпазливи, од блиску ја набљудуваме состојбата и секогаш ќе го направиме она што е потребно за да се заштитат и одбранат сите сојузници“, рече Столтенберг.

Столтенберг од Скопје: Нема директна воена закана за Западен Балкан, но загрижуваат тензиите на Косово и во БиХ

Ковачевски по НАТО-средбата: Ја издигнавме С. Македонија како фактор на стабилност во регионот

 

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...