fbpx

Опасен пестицид откриен во македонски пиперки увезени во Хрватска

Форметанат е високо акутно токсичен доколку во организмот влезе по орален пат, а умерено токсичен ако се вдише и има ниска акутна токсично ако дојде во допир со кожа

-

Забранетиот опасен пестицид форметанат е откриен во пиперки од Македонија кои требало да бидат увезени во Хрватска, јавува Н1. Хрватските власти го пријавиле спорниот увоз во Европскиот систем за брзо предупредување за храна, додавајќи дека ризикот е сериозен.

Инаку, овој пестицид се смета за исклучиво ефикасен во производството на овошје и зеленчук и многу земји го користат до денешен ден, но е забранет на подрачјето на Европската Унија поради сомнежот дека може да влијае на човековото здравје.

Форметанат е високо акутно токсичен доколку во организмот влезе по орален пат, а умерено токсичен ако се вдише и има ниска акутна токсичност ако дојде во допир со кожа.

По акутна и хронична изложеност на форметанат кај стаорци се појавиле клинички знаци, како што се намалена телесна тежина, а кај кучиња претерано лачење на плунка, отежнато дишење, зарипнатост, повраќање, кашлање и слични знаци.

Од македонската Агенција за храна и ветеринарство го потврдуваат случајот, додавајќи дека од страна на хрватските власти бил забранет увоз на спорниот производ. Доколку пратката со небезбедните производи се врати во земјава, оваа агенција ќе издаде налог за нејзино нештетно уништување кое ќе се реализира под надзор на инспекциските служби на Агенцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...