fbpx

Полска престанува со испораки на оружје за Украина, поради спорот за извозот на жито

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки порача дека фокусот треба да се премести на одбрана со помодерни оружја

-

Еден од најблиските сојузници на Украина, Полска, објави дека повеќе нема да испорачува оружје на својата сосед, поради ескалацијата на спор околу извозот на жито од Украина, пишува Би-Би-Си.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки порача дека фокусот треба да се премести на одбрана со помодерни оружја. Полска досега на Украина ѝ подари 320 тенка од советската ера и 14 воени авиони-ловци Миг-29. Се смета дека Полска досега преку донациите за Украина се лишила од една третина од вооружувањето.

Дипломатскиот спор меѓу двете соседни земји ескалира. Во вторникот, Полска го повика украинскиот амбасадор поради коментарите на претседателот Володимир Зеленски во ОН за одлуката на Полска, Унгарија и Словачка да ја продолжат забраната за увоз на украинско жито.

Тој рече дека е загрижувачки тоа што некои нации глумат солидарност со Украина, што Варшава го осуди како „неоправдано во однос на Полска, која ја поддржува Украина од првите денови на војната“.

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки ја објави одлуката повеќе да не испорачува оружје на Украина во телевизиско обраќање во средата, еден ден откако тензиите меѓу двете земји ескалираа поради увозот на жито.

„Ние повеќе не пренесуваме оружје во Украина, бидејќи сега ја вооружуваме Полска со помодерно оружје“, рече Моравјецки.

Спорот за житото започна откако руската инвазија на Украина целосно ги затвори главните бродски линии на Црното Море и ја принуди Украина да најде алтернативни копнени патишта.

Ова пак доведе до тоа големи количини жито да завршат во Централна Европа.

Следствено, Европската Унија привремено го забрани увозот на жито во пет земји – Бугарија, Унгарија, Полска, Романија и Словачка, за да ги заштити локалните земјоделци, кои стравуваа дека украинското жито ги намалува локалните цени.

Забраната истече на 15 септември и ЕУ одлучи да не ја обнови, но Унгарија, Словачка и Полска решија да продолжат да ја применуваат.

Претходно оваа недела, Украина поднесе жалби до Светската трговска организација (СТО) против земјите поради забраните, за кои рече дека се во спротивност со меѓународните обврски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Правиме букви“ – утре детска работилница за фонтови во „Бруталиск“

Утре, в недела во 11 часот во КЦ Бруталиск се одржува бесплатна работилница за писма, фонтови и типографија за деца над шест годишна возраст. Под менторство на Небојша Гелевски...