понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: увоз | 156 резултати

Од следниот месец Македонија ги укинува царините за производи од САД

јуни 2, 2025

Министерството за финансии предложи измени на Законот за царински тарифи со кои се намалуваат царинските стапки за 67 стоки и се врши целосна либерализација на увозот со САД. Како што информираше министерката Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес-конференција, измените се веќе во собраниска процедура и се очекува да стапат на сила од 1 јули 2025 година. […]

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

февруари 10, 2025

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк, челик, олово, алуминиум, но и маст и масло за јадење, хартија и картони и стакло се на листата која ја објави Министерството за животна […]

Екологистите бараат Владата да забрани увоз на возила постари од десет години

декември 13, 2024

Да се забрани увоз на користени возила постари од десет години и под „ЕУРО 5“ стандард и да се ограничи увозот на нови возила со минимален „ЕУРО 6“ стандард, е барањето на десет граѓански еколошки организации кое го адресираа и го предадоа до Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Екологистите денеска, на прес конференција пред зградата […]

Деспотовски: Да ги платиме нашите луѓе повеќе за да останат дома, а не да увезуваме странци

март 13, 2024

Справувањето со недостигот на работна сила на Западниот Балкан бара рационален и храбар пристап. Треба прво да видиме што може да се направи во регионот со постоечките ресурси, а не да одиме во потрага по работна сила. Потребено ни е преструктурирање на економијата, инвестирање во технологија и индустрии кои носат поголема додадена вредност и подобро […]

Увезено, па вратено српско млеко со афлатоксин ги скара опозицијата и Агенцијата за храна

септември 29, 2023

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека на 21 септември во земјава биле увезени преку 20 тони српско млеко, кое било пуштено во промет, иако содржело афлатоксин М-1 над максимално дозволените граници, и со тоа е штетно за човековото здравје. „Наодите покажуваат дека иако млекото содржи канцерогени материи ги поминало сите контроли и како такво со штетни супстанци […]

Опасен пестицид откриен во македонски пиперки увезени во Хрватска

септември 21, 2023

Забранетиот опасен пестицид форметанат е откриен во пиперки од Македонија кои требало да бидат увезени во Хрватска, јавува Н1. Хрватските власти го пријавиле спорниот увоз во Европскиот систем за брзо предупредување за храна, додавајќи дека ризикот е сериозен. Инаку, овој пестицид се смета за исклучиво ефикасен во производството на овошје и зеленчук и многу земји […]

Македонија во БРИКС: Реалност или фантазија на евроскептиците? [инфографик]

септември 6, 2023

Неодамнешниот самит на земјите од БРИКС, кој се одржа кон крајот на август годинава во Јужноафриканската Република повторно ги отвори вратите за радикалните проруски структури на Балканот кои трагаат по алтернативи за членството на земјите од Западен Балкан во Европската Унија. Вакви оддеци има и во Македонија. На прашањето колку Македонија во БРИКС би профитирала […]

Цариниците на „Богородица“ спречиле увоз на боци фреон

јули 11, 2023

Царински службеници на граничниот премин „Богородица“ спречија недозволено внесување на фреон во боци за еднократна употреба, што се забранети за увоз, соопштија од Царинската управа. Боците биле откриени на влез во државата во товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од лицето Д.Г. „При царинска контрола на возилото беа пронајдени 1.150 боци со неколку типа […]

На македонскиот пазар не се увезени небезбедни домати од Албанија

мај 21, 2023

Агенцијата за храна и ветеринарство, овластен државен орган задолжен за контрола на храната која се увезува на граничните премини, вклучително и овошјето и зеленчукот, тврди дека граѓаните треба да бидат спокојни, бидејќи ваков таканаречен увоз не е можен и не бил извршен. Освен ова, Вистиномер провери и во здравствена установа од каде добивме потврда дека […]

АХВ: Не е точно дека во Македонија се увезени небезбедни домати од Албанија

мај 16, 2023

Груба невистина, анонимно пласирана преку социјалните мрежи е вчерашниот обид на граѓаните да им се протне лагата дека е доведено во опасност нивното здравје поради наводeн нелегален увоз на 10 камиони со небезбедни домати, по потекло од соседна Албанија, реагираат во Агенцијата за храна и ветеринарство, откако во група  „Земјоделие мк Груп“, на социјалната мрежа […]

Од вторник ќе се топат замрзнатите цени, увозници со фиктивни фактури за овошје и зеленчук

април 7, 2023

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција по состанокот со увозниците и комората најави дека ќе се прави корекција на замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот поради фиктивни фактури кои увозниците ги прикажале пред Царинската управа. Тој појасни дека овие фактури имале за цел да создадат погрешна слика за цените на овие производи, кои […]

АНАЛИЗА: Увозот на работна сила – меч со две острици

март 28, 2023

Се намалува бројот на активно и работоспособно население во земјава. Новите податоци покажуваат дека во 2022 во однос на 2021 година, бројот на активно население е намален за скоро 12.000. Не запира трендот на одлив на работна сила, но во најава е и „увоз“ од странство, пишува Порталб.мк. Пазарот на труд се соочува со тектонски […]

МАЛМЕД издаде одобрение за интервентен увоз на лекот „Трикафта“

февруари 20, 2023

Осум пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, а чија состојба во моментов е најкритична набргу ќе го добиат потребниот лек „Трикафта“. Директорот на МАЛМЕД, Љирим Шабани потврди дека претпладнево е издадено одобрение за увоз на лекот и истакна дека сега останува уште да се реализира постапката. Оваа вест следи откако пред десетина дена министерот за […]

Фалат работници, владата најавува отворање на прашањето за увоз на странска работна сила

јануари 16, 2023

Македонската влада претстојнава пролет планира да го отвори прашањето за увоз на работна сила од странски земји поради недостигот на лица од земјава кои се подготвени да работат. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска на годишната конференција „Економски предизвици во 2023 година: како да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ рече дека не […]

„Макпетрол“ нема да увезува и испорачува природен гас до потрошувачите од Нова година

декември 22, 2022

„Макпетрол“ АД Скопје денеска соопшти дека од 1 јануари, повеќе нема да увезува и да им испорачува природен гас на неговите потрошувачи. Од „Макпетрол“ велат дека причина за ваквата одлука што наводно, според новиот Договор за интерконекција помеѓу државното претпријатие „ГА-МА“ АД и „Булгартрансгас“ од Бугарија, повеќе не постоеле услови Макпетрол да увезува и да […]

Ковачевски: Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза

септември 27, 2022

Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза, а тоа е ставање во функција на сите производствени капацитети. „Веќе се работи на оспособување на блок три во РЕК Битола, потоа во функција е ставен ТЕЦ Осломеј, кој долги години не работеше, и ставен е во функција ТЕЦ Неготино.  […]

Расте стоковната размена со странство, извозот во првото полугодие пораснал за 20,3 отсто

август 5, 2022

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 252.736.573 илјади денари и бележи пораст од 20,3 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 368.519.565 илјади денари што […]

ЕУ се договори за делумно ембарго на увозот на нафта од Русија

мај 31, 2022

Лидерите на земјите членки на Европската унија во понеделникот начелно се согласија да го намалат увозот на нафта од Русија до крајот на оваа година за 90 отсто, со што ќе се реши ќор-сокакот со Унгарија во врска со најтешката санкција што треба да ја добие официјална Москва поради војната во Украина, пренесе Ројтерс. Ова […]

Николовски: Србија одобри извоз на 2 милиона тони масло за јадење, 2.000 тони се веќе одобрени за земјава

април 15, 2022

На вчерашната седница српската Влада донесе одлука за извоз на два милиона литри масло за јадење. Одлуката е објавена денеска. Со тоа влегуваме во имплементација на договореното – да се тргне „рампата“ за основните производи, пченицата и пченката, и да почне реализацијата на договорите, соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, извести […]

„Аналитика“: Иницијативата „Отворен Балкан“ нуди можност за раст на компаниите што извезуваат

декември 21, 2021

Иницијатива „Отворен Балкан“ е од големо значење за извозно ориентираните компании од земјава и тие имаат големи очекувања од иницијативата, покажа истражувањето направено со 50 македонски компании. Истражувањето го направи Тинк тенк организацијата „Аналитика“. Како што велат од таму, многу голем процент од компаниите сметаат дека иницијатива „Отворен Балкан“ е од големо значење за нив, […]

Страна 1 од 8