МАЛМЕД издаде одобрение за интервентен увоз на лекот „Трикафта“

-

Осум пациенти кои боледуваат од цистична фиброза, а чија состојба во моментов е најкритична набргу ќе го добиат потребниот лек „Трикафта“. Директорот на МАЛМЕД, Љирим Шабани потврди дека претпладнево е издадено одобрение за увоз на лекот и истакна дека сега останува уште да се реализира постапката.

Оваа вест следи откако пред десетина дена министерот за здравство Беким Сали на Фејсбук објави дека за осум пациенти со цистична фиброза биле обезбедени буџетски средства за набавка на лекoт „Трикафта“.

„Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, каде сумата од 563.504.040 денари се зголемува на 703.504.040 денари, односно за дополнителни 140.000.000 денари“, напиша Сали.

Не требаше да почине Благојче за да се најдат пари за „Трикафта“, порачаа родители од пред Владата

Согласно претходните најави од Владата, во случајов станува збор за интервентен увоз на „Трикафта“ наменет за осумтемина најкритични пациенти заболени од цистична фиброза, додека за обезбедување на редовно снабдување со лекот за сите останати заболени потребни се законски измени.

Владата исто така информираше дека веќе е подготвен Предлог-закон за измена на правилата за јавни набавки, со кои би се овозможиле директни преговори меѓу државата и компанијата единствен производител лекот „Трикафта“ и кој треба да биде усвоен од страна на Собранието.

 

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат основани сомнежи...

Македонија го активираше ЕУ-механизмот за помош во справување со пожарите, Грција испраќа два канадери и пешадиски тимови

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, попладнево на прес-конференција информираше дека поради сериозноста на ситуацијата со шумските пожари низ државата, активиран е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. „Денес е активиран...

Делумно нормализиран сообраќајот кон Блаце, пуштена за сообраќај и скопската обиколница

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека скопската обиколница е целосно пуштена за сообраќај, а од 17:20 часот денеска сообраќајот кон Граничниот премин Блаце е повторно отворен, но само за патнички...

Основното јавно обвинителство издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово

Основното јавно обвинителство Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи, како и со Здружението на новинари со цел итно обезбедување на сите докази во врска со информациите дека екипа...

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат...