fbpx

АХВ: Не е точно дека во Македонија се увезени небезбедни домати од Албанија

Како одговорна институција за безбедноста на храна, уште поодговорно тврдиме дека ваков таканаречен увоз не е можен, бидејќи пратки со храна, вклучително и со домати кои како небезбедни се вратени од увоз во други земји освен да транзитираат, не смеат да се увезат во државава, велат во АХВ

-

Груба невистина, анонимно пласирана преку социјалните мрежи е вчерашниот обид на граѓаните да им се протне лагата дека е доведено во опасност нивното здравје поради наводeн нелегален увоз на 10 камиони со небезбедни домати, по потекло од соседна Албанија, реагираат во Агенцијата за храна и ветеринарство, откако во група  „Земјоделие мк Груп“, на социјалната мрежа Фејсбук вчера се прошири информација дека наводно се продаваат домати, со „алармантни нивоа на тешки метали и пестициди“.

„Според анонимниот загрижен автор на пораката, наводно станува збор на домати кои како небезбедни поради утврдено зголемено присуство на тешки метали и пестициди се вратени од увоз од Босна и Херцеговина или од Република Црна Гора. Како одговорна институција за безбедноста на храна, уште поодговорно тврдиме дека
ваков таканаречен увоз не е можен, бидејќи пратки со храна, вклучително и со домати
кои како небезбедни се вратени од увоз во други земји освен да транзитираат, не смеат да се увезат во државава“, велат во АХВ.

Оттаму информираат дека од почетокот на годинава, од вкупно увезените 1.819.306 килограми домати по потекло од Република Албанија, нема вратено ниту една пратка како небезбедна.

„Во неделата, на 14 мај, преку инспекциското место на ГП Табановце кое работи за време на викенд, од страна на инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, извршен е преглед и дозволен е увоз на 12 пратки со различен вид зеленчук, од кои 148.757 килограми домати. Увозот е реализиран од 11 оператори со храна евидентирани во Агенцијата за храна и ветеринарство кои за увозот ја поседуваат целокупната потребна документација“, наведуваат во Агенцијата.

Во АХВ апелираат граѓаните да бидат спокојни и да не наседнуваат на дезинформации, посебно не, како што додаваат, на објави на социјалните мрежи зад кои се затскриваат интереси на поединци, кои, од само за нив познати причини, во име на грижа за здравјето на граѓаните пласираат невистини и ги доведуваат во заблуда потрошувачите.

„До анонимниот објавувач упатуваме апел доколку располага со вистинити докази случајот да го пријави до надлежните државни органи. Инспекциските служби на Агенцијата вршат контроли на домашниот пазар со овошје и зеленчук, како и на пратките кои се увезуваат во земјава. Со контролите се опфатени магацините за чување на овошје и зеленчук, дистрибутивните центри и преработувачките капацитети за овошје и зеленчук“, наведено е во соопштението на АХВ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...