fbpx

Расте стоковната размена со странство, извозот во првото полугодие пораснал за 20,3 отсто

-

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 252.736.573 илјади денари и бележи пораст од 20,3 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 368.519.565 илјади денари што е за 28,7 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 115.782.992 илјади денари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари-јуни 2022, изнесува 68,6 отсто. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот и деловите на седишта од подгрупата 821.1.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, електричната енергија и благородни метали во колоидна состојба; соединенија, органски или неоргански, од благородни метали, хемиски дефинирани или недефинирани; амалгами од благородни метали.

Во периодот јануари-јуни 2022 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 4.097.486 илјади евра, и бележи пораст од 20,2 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 5.974.699 илјади евра што е за 28,7 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јуни 2022 година, изнесува 1.877.213 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари-јуни 2022 година, изнесува 4.476.298 илјади американски долари и бележи пораст од 9 отсто во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6.529.750 илјади американски долари што е за 16,7 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во перидот јануари-јуни 2022 година, изнесува 2.053.452 илјади американски долари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...