fbpx

Николовски – Бектеши: Седум компании се казнети со вкупно 55.510 евра за неправилности при увоз на мазут

-

Утврдени се неправилности кај седум компании, увознички на мазут, и изречени се решенија за забрана за работа, забрана за пуштање во промет на мазут и за одземање на лиценците. Вкупните прекршочни казни се во износ од 55.510 евра. Тоа е решено  откако со инспекциските вонредни контроли се утврдени неправилности во делот на законската обврска за чување залихи и правилно водење на сметководствената евиденција. Станува збор за фирмите: „Блу технолоџи“, „Евротим“, „Супертрејд“, САНС АГ Штип, ЛИ ОИЛ и „Пертинакс“- Скопје.

Ова денеска го соопштија на заедничка прес конференција, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши кои информираа за наодите од спроведената сеопфатна анализа што ја направија државните институции за увозот на мазут. Сите наоди утрово се доставени до Основното јавно обвинителство за понатамошно процесирање и утврдување на евентуална кривична одговорност.

„Владата покажа подготвеност и одлучност за расчистување на сите сомнежи и прашања поврзани со информациите за увоз на мазут и нафтени деривати. По зададените задолженија, сите надлежни институции навреме, во рамки на дадените рокови доставија информации. Заедно со Министерството за економија, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина и Бирото за метрологија, изминатиов период бевме во постојана координација, размена на информации, а сé со цел да добиеме јасна слика за фактичката состојба. Веднаш по излегувањето на сторијата на ИРЛ, со Министерството за економија ги задолживме надлежните институции за итни, вонредни и длабински контроли на целиот процес од увоз или производство, до продажба на мазут и нафтени деривати“, рече Николовски и дополни дека заштитата на граѓаните е врвен приоритет на Владата и дека граѓаните имаат право на здрава животна средина.

„Во изминатите три недели работевме интензивно за да утврдиме кои и какви пропусти се направени при увоз на мазут и така ќе постапуваме и во наредниот период за да се избегнат злоупотреби кога станува збор за увоз на нафтени деривати. Квалитетот на нафтените деривати што ги користат граѓаните, но и индустриските капацитети мора да бидат согласно највисоките стандарди за безбедност на производите“, рече  Бектеши, кој ги наведе пропустите кај седумте компании.

Кај „Блу Технолоџи“ е констатирано дека продава „мазут ППД“, што како производ не е деклариран во Правилникот за квалитет на течни горива и поради тоа на компанијата и се изрече решение за привремена забрана и пуштање во промет на пронајдениот производ. Кај „САНС АГ Штип“, утврдено е производство на мазут од отпадни гуми и е изречена е забрана за работа и барање за одземање на Б интегрирана дозвола. ДПИ за овие две компании достави допис до Државниот инспекторат за животна средина за покренување постапка за одземање на лиценца. Кај „Евротим“ се утврдени отстапки од граничните вредности на мазутот, односно, параметрите за квалитет на мазут не одговараат согласно Правилникот. По задолжение од ДПИ двете цистерни се вратени кај добавувачот. ДПИ на оваа компанија и изрече Решение за времена забрана за пуштање во промет на мазут.

Кај пет цистерни со мазут на компанијата „Суперјтрејд“, утврдено е отстапување од параметрите од Правилникот за квалитет на течни горива, во делот на поголем процент на вода од дозволеното. Петте цистерни на овој увозник, се вратени кај добавувачот.

„Кај 7 компании изречени се прекршочни казни во вкупен износ од 55.510 евра. Или конкретно: „РКМ ДООЕЛ“ за немање на залихи и за неточно водење на сметководство. „Суперјтрејд“, исто така за немање на залихи во резервоарите, што е законска обврска. „Евротим“, поради немање залиха, и истата оваа компанија има забрана за промет на мазут поради отстапки во квалитетот. „Пертинакс-Скопје“, нема залихи на мазут. „Ли-оил ДБ Кавадарци“, нема залихи на мазут. „Блу технолоџи“, за несоодветна сметководствена евиденција, и оваа фирма како што кажав погоре има и привремена забрана за работа. „Ка-оил Енерџи Кавадарци“, нема залиха и утврдено е дека компанијата вршела трговија на мазут без лиценца од Регулаторна комисија за енергетика“, кажа Бектеши.

Кај „РКМ ДООЕЛ“, декларираниот производ не се совпаѓа со царинската тарифа под која е увезен и од оваа фирма е наплатен царински долг, дополнителни давачки и прекршоци во износ од над 24 илјади евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...