Извозот во првата половина од годината зголемен за 45,6 отсто во однос на лани

Фото: Влада на РСМ

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 4.801.801 илјади долари и бележи пораст од 45,6 отсто во однос на истиот период од претходната година, информира Државен завод за стстистик.

Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува  6.541.093 илјади долари, што е за 45 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-јули 2021 година, изнесува 1.739. 291 илјада долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта од подгрупата 821.1  и фероникелот.

Во увозот се најмногу застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Во периодот јануари-јули 2021 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Кина.