fbpx

Фалат работници, владата најавува отворање на прашањето за увоз на странска работна сила

-

Македонската влада претстојнава пролет планира да го отвори прашањето за увоз на работна сила од странски земји поради недостигот на лица од земјава кои се подготвени да работат. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска на годишната конференција „Економски предизвици во 2023 годинакако да го одржиме економскиот раст и ја трансформираме економијата“ рече дека не постои некој од стопанствениците кој не се соочил со проблемот на недостаток на работна сила.

„Моја заложба е на пролет оваа година да ја отвориме целосно дискусијата како и Оперативниот план за вработување за квотата за странци во нашата земја. Сметам дека е време да го отвориме нашиот пазар на труд, со цел, зголемување на конкурентноста а знаеме дека за зголемување на конкурентноста клучен е човечкиот фактор“, заклучи Битиќи.

Тој додаде дека краткорочна цел кон која треба да гледаме, а која ќе даде долгорочни ефекти, е покачување на продуктивноста на вработените и соодносот на платите, но и конечно да зборуваме за отворање на нашиот пазар на труд.

Вицепремиерот Битиќи изјави дека прв приоритет за земјава периодов е намалување и одржување на стапката на инфлација, без притоа економијата да влезе во рецесија. Како втор приоритет, тој ја наведе енергетската стабилност и диверзификација, без притоа да се заборави на социјалниот аспект и праведната енергетска транзиција, се наведува во соопштението испратено од владината прес-служба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...