fbpx

Вонредната состојба на Родос останува, пламените јазици стигнаа до предградија на Атина

Голем пожар кој го гаснеа над 150 пожарникари избувна вчера и хрватскиот остров Чиово кај Трогир, а денеска се уапсени две лица поврзани со неговото избувнување

-

Шумски пожар предизвика серија експлозии во складиште за муниција на воздухопловните сили во централна Грција. Депото било евакуирано пред експлозиите, кои ги искршиле прозорците во околината. Нема информации за повредени, иако континуираните експлозии ги спречиле противпожарните екипи да се приближат до местото, пренесува Индепендент.

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека објектот се наоѓа во крајбрежниот град Неа Агиалос во близина на областа Волос.

Локалните медиуми објавија дека на местото биле складирани бомби и муниција за грчките воздушни сили Ф-16.

Портпаролот на противпожарната служба Јоанис Артопиос изјави дека на 12 села им е наредено да се евакуираат во областа Волос-Неа Анхиалос.

Во меѓувреме, пожарот стигнал и до предградието на Атина, а за 24 часа избувнале 61 пожари низ целата земја.

Шумските пожари се шират во Европа и северна Африка. Регистрирани се голем број пожари во Португалија, Турција, Италија, Франција, Хрватска, Шпанија, Алжир и Тунис.

На хрватскиот остров Чиово кај Трогир вчера избувна пожар, кој го гаснеле повеќе од 150 пожарникари, со 30 противпожарни возила и со помош на шест воздушни канадери.

Сплитската полиција утринава соопшти дека во врска со пожарот се уапсени две лица.

„Во врска со пожарот што избувна вчера околу 15.20 часот на островот Чиово, полициски службеници веднаш започнаа процес на вршење проверки и утврдување на фактите на терен. Синоќа во службените простории биле приведени две лица кои се поврзани со избувнувањето на пожарот. Истрагата е во тек“, извести полицијата.

Неизвесно е дали уапсените го подметнале пожарот или тој случајно избувнал.

Според информациите на Хрватската противпожарна бригада, на местото на пожарот сè уште има пламен и чад.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...