Поделени стотици бесплатни стрипови во стрип-книжарницата „Бункер“

Фото: Мета.мк, 26 ноември 2022

Вторпат од 2017 година, денеска во стрип-книжарницата „Бункер“ во Скопје, која се наоѓа во близина на поранешен „Трготекстил“ на љубителите на стрипови им беа поделени стотици стрипови бесплатно.

Освен околу 500 стрипови што ги обезбеди „Бункер“ беа поделени дополнителен број изданија што се донирани од љубители на стрипови и од други издавачи, обасни Владимир Битољану, сопственик на стрип-книжарницата.

Претпладнево голем број љубители на стрипот трпеливо чекаа и по 40 минути во редица за да дојдат до својот примерок.