fbpx

Наместо наеднаш, ЈСП постепено ќе купува нови единечни и зглобни автобуси

Фазната набавка на нови автобуси е присутна во речиси сите развиени земји, подобра е за одржување на возилата и остава можност за црпење искуства од користењето на одредени марки на автобуси

-

Скопското јавно сообраќајно претпријатие во иднина нема да ја повтори грешката со набавката на кинеските и на украинските автобуси, кога наеднаш се купија 80 единечни и  217 двокатни возила. Со најновиот тендер за обнова на возниот парк, тие се одлучиле да се вратат на стариот модел за постепена обнова на автобусите.

Од ЈСП – Скопје за „Мета“ велат дека негативното искуство од ваквиот начин на обнова на возниот парк веќе го искусиле, поради фактот што целосната обнова на возниот парк од пред неколку години во моментов предизвикува проблеми со амортизацијата и појавувањето дефекти на автобусите.

– Набавката на поголем број возила е меч со две острици. Возниот парк ќе се обнови и ќе биде нов во даден момент, но после 4 – 5 години наеднаш ќе остари – нагласуваат од ЈСП – Скопје.

Наспроти ова, повторното воспоставување на стариот модел за постепена обнова на возниот парк си има свои предности. Фазната набавка, посочуваат од ЈСП – Скопје, се применува во речиси сите развиени земји, подобра е за одржување на возилата и остава можност за црпење искуства од користењето на конкретна марка на автобуси.

– Најдобра опција е обнова на возен парк со 10 – 30 отсто возила од потребниот број возила за опслужување на јавниот превоз. По можност, ваква набавка да се врши на секои 2 до 3 години – велат од јавното сообраќајно претпријатие.

Како резултат на лошото искуство со двокатните и со украинските автобуси, ЈСП – Скопје со тековниот тендер планира да набави од 30 до 40 единечни и зглобни автобуси на компримиран гас. Фазната обнова на возниот парк се применувала во нашата метропола во периодот до 2000 година, кога ЈСП – Скопје на секои 2 – 3 години вршело редовна набавка на 20 – 30 нови автобуси.

По напуштањето на ваквиот модел, следната набавка на автобуси била направена дури 11 години подоцна – кога во 2011 година одеднаш пристигнаа 149 украински единечни и кинески двокатни автобуси, додека останатите возила беа испорачани во наредните 2 – 3 години. Тогашното градско и државно раководство се пофали дека целосно го обновиле возниот парк на ЈСП – Скопје, без притоа да споменат дека ваквиот модел ретко се применува во развиените градови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...