Распишан тендерот за набавка на новите автобуси за ЈСП – Скопје

-

ЈСП – Скопје ќе го поднови својот возен парк со 30 до 40 единечни и зглобни автобуси за подобрување на услугите во јавниот градски превоз. На веб – страницата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е објавен меѓународниот тендер за набавка на нископодни CNG автобуси. Како што информираат од ЈСП – Скопје, постапката и процедурата ќе се одвива во согласност со правилата и процедурите на ЕБОР, од каде е обезбеден кредит од 10 милиони евра за оваа намена.

Новите автобуси со технологија на компримиран гас ќе имаат ЕУРО 6 еколошки мотори, со што директно ќе се намали загадувањето на воздухот од јавниот превоз во Скопје. Нископодните автобуси ќе обезбедат можност за превоз на лица со попреченост, додека зглобните автобуси со нивниот зголемен капацитет е предвидено да ги растоварат гужвите во јавниот превоз за време на сообраќајните шпицови.

Меѓународниот тендер ќе се спроведува во две фази. Во првичната етапа ќе се бара од заинтересираните компании да достават понуда со технички карактеристики на идните автобуси, но и со евентуална листа на отстапувања на условите што се утврдени во тендерската документација. По евалуацијата, во втората фаза ќе бидат поканети сите понудувачи што ги исполнуваат квалификационите критериуми на тендерот. Цената по која ќе се набават автобусите ќе биде наведена во втората фаза.

Меѓународниот тендер за доставување понуди ќе трае до 3 мај, по што ќе следува фазата на евалуација на доставените понуди од првата фаза. Договорот за набавка на идните еко-автобуси се очекува да започне на 8 јули и да трае околу 9 месеци, се наведува во објавениот тендер на веб – страницата на ЕБОР. Доколку тендерската постапка се реализира успешно, граѓаните на Скопје до крајот на оваа или почетокот на 2020 година ќе се возат во нови автобуси.

Договорот за набавка на нови еколошки автобуси меѓу Градот Скопје и ЕБОР се потпиша кон крајот на јануари годинава. Покрај средствата од кредитот, за реализација на проектот ќе се обезбедат дополнителни 1,8 милиони евра од буџетот на ЈСП – Скопје, како и неповратен грант висина од 1,1 милион евра.

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот и Филолошкиот...

Македонија ќе добие 24,5 милиони ева во буџетот од Планот за раст на ЕУ

По успешната подготовка на Реформската агенда на земјата, Северна Македонија е првата земја што ќе го добие предфинансирањето предвидено со Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан, соопшти делегацијата на...

„Виновниците имаат име“: Тетовци протестираа за трагедиите во кои изгореа луѓе

„Луѓето горат, државата се чешла“, „Импровизирана држава“, „Виновниците имаат име“, „Нула толеранција“, „Сите ли треба да изгориме“, „Корумпирана држава“, „Нула страв“, „Колку чини една лиценца“, „Системот е следен“, „Правда без далавери“,...

Нема пари да се доврши Студијата за валоризација – заштитата на Демир Капија е неизвесна

Министерството за животна средина нема предвидено пари во буџетот за ова година за довршување на Студијата за валоризција на подрачјето на Демир Капија, за кое пред три години беше поведена иницијатива...

Студентскиот пленум на УКИМ се одржа зад затворени врати, без присуство на медиуми

Иако беше најавен преку соопштение до медиумите и јавноста, пленумскиот собир на иницијативата „Независен студентски сојуз УКИМ“ се одржа зад затворени врати. Студентите се повлекоа во аулата на Филозофскиот...