fbpx

Потребно е итно да се основа Комисија за лиценцирање лектори за албански јазик

За Комисијата било дискутирано во меѓу-ресорската група на Владата, но сé уште не е одлучено како ќе се формира.

-

Во Република Северна Македонија неопходно е да се основа Комисија за лиценцирање на лектори за албански јазик, пред да се избере целокупниот кадар на Агенцијата за спроведување на законот за јазиците, односно на албанскиот јазик.  Лекторите ќе треба да ја прекинат срамната практика на сквернавење на албанскиот јазик во таблите на институциите и неговата поширока примена во оваа земја, пренесува „Порталб.мк“.

За да има лектори, треба да постои Комисија за нивно лиценцирање. За илустрација, постои Комисија за лиценцирање на лектори за македонски јазик, кој врз основа на Законот за македонски јазик, се формира од Министерството за култура и се состои од претседател и четири члена “професионални лица од оваа област, со мандат од четири години, со можност за повторен избор”. Обврска на Комисијата е да спроведе тестирање за лиценцирање на лектори на македонски јазик.

Во Законот за употреба на јазиците во член 18, став 3, се наведува дека во Агенцијата за спроведување на законот за употреба на јазиците, покрај овластени судски преведувачи ќе бидат вработени и дипломирани лингвисти и филолози на албански јазик, како и лиценцирани лектори.

За Комисијата било дискутирано во меѓу-ресорската група на Владата, но сé уште не е одлучено како ќе се формира.

Постојат две варијанти: да има измена во Законот за употреба на јазиците и во него да се предвиди и формирање на Комисијата, со претседател, членови, мандат, овластувања и одговорности, или Комисијата да се формира во рамки на некој универзитет или министерство.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...