вторник, 9 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Општина Струга | 23 резултати

Порталб: Рамиз Мерко вети, но не го заврши централниот булевар во Струга

27 август 2021

Во кампањата за локалните избори во 2017 година, актуелниот градоначалник на Струга вети дека ќе го заврши централниот булевар во градот. Во пресрет на крајот на 4-годишниот мандат на градоначалникот Рамиз Мерко, ова ветување е далеку од исполнување. Последниве месеци на терен се извршени само уривање на објект и некои мерења, пишува Порталб.мк. На локалните избори […]

Мерко, Груби и Шаќири го почнаа рушењето на шест платформи на Охридското езеро во Струга

14 јуни 2021

Во Струга денеска започна рушењето на сите шест платформи изградени на брегот на Охридското езеро. Вицепремиерот Артан Груби, заедно со министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко најавија дека настанот претставува имплементација на „зелената агенда“ на ДУИ и дека се врши низ конструктивен дијалог меѓу општинските власти од Струга […]

За да постане велосипедска рута, стариот пат Охрид-Струга мора да го прекатегоризира Владата

11 април 2021

По речиси еден месец од смртта на младиот 17-годишен велосипедист од Струга на регионалниот пат Охрид-Струга којшто беше прегазен од автомобил, државните институции и општински власти си ја префрлаат одговорноста за тоа кој треба да изгради велосипедска патека на овој патен правец или целосно да го затвори патот и од него да направи велосипедска патека што […]

Утре ќе се протестира пред општина Струга, активистите бараат велосипедска патека Струга-Охрид

12 март 2021

По трагичната несреќа на регионалниот пат Струга-Охрид, во која животот го загуби 17-годишно момче додека возеше велосипед, „Велосипедскиот клуб“ од Струга утре во 12:00 часот ќе протестира пред општина Струга и притоа ќе бараат реализација на нивните три барања со цел да се спречат други можни трагедии на овој пат, кој според нив е опасен, […]

Поднесена тужба до надлежните поради непреземање мерки против дивата депонија во Струга

2 февруари 2021

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во јануари годинава поднесе тужба против Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСП), Општина Струга и против Јавното претпријатие „Комунално“ од Струга поради непреземање мерки за справување со дивата депонија, која подолг период постои во градот. Депонијата постои, а тужените, не ги почитуваат и извршуваат обврските кои ги […]

Општината чисти отпад и диви депонии на неколку локации во Струга

13 јануари 2021

Јавното комунално претпријатие – Струга продолжи со акцијата за чистење на неправилно одложениот отпад во повеќе населени места на територијата на Општина Струга. Сe започна со расчистување и отстранување на комуналниот отпад од дивата депонија помеѓу Џамијата и зградата на улица „Партизанска“. Од дирекцијата на комуналното претпријатие апелираат до граѓаните својот кабаст отпад (мебел, стара електрична […]

Тетово го „претрка“ Охрид според висината на долговите, на листата и Карпош, Струга, Делчево

5 октомври 2020

Со пријавени доспеани, а неплатени обврски во износ од скоро 7,9 милиони евра Општина Тетово на чие чело е градоначалничката Тута Арифи го држи приматот на „најзадолжена локална самоуправа во земјава“, пишува „Порталб.мк“. Оваа должничка состојба се однесува до крајот на јуни годинава и во однос на состојбата на крајот на март, долгот на Тетово […]

Општина Струга против владината уредба за враќање на плажите во првобитна состојба

11 јуни 2020

Општина Струга ќе поднесе иницијатива пред Уставниот суд против владината уредба за отстранување на објектите и на урбаната опрема од плажите на Охридското езеро. Тие се против ваквата одлука на владата, со која закупците треба да ги вратат плажите во првобитната состојба. На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата вчера ја дополни Уредбата […]

Ќе се прави анализа за предлогот на УНЕСКО за алтернативна рута за пругата кон Албанија

11 декември 2019

Владата на вчерашната седница го задолжи генералниот секретаријат во рок од 10 дена да објави постапка за јавна набавка за изработка на анализа на предлогот за алтернативна рута за пругата долж Коридорот 8, која што веќе ја предложи Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017 година, информираат од владината прес – служба. УНЕСКО жестоко ја критикуваше […]

Започна реконструкцијата на Мостот на поезијата во Струга

10 декември 2019

Почнаа градежните работи за реконструкција на најпознатиот мост во Струга – Мостот на поезијата, каде што секоја година се одржуваат Струшките вечери на поезијата и од каде произлегува и самото име на мостот. Реконструкцијата на овој мост на реката Црн Дрим е многу важна, не само поради фактот што служи како клучна точка за поврзување […]

Мерко: Во заштитената зона на Охридското езеро во Струга нема дивоградби

10 декември 2019

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко стои цврсто на тврдењето дека нема ниту една дивоградба во заштитениот појас на Охридското езеро во оваа општина. Струшката локална самоуправа го проби рокот за изработка на регистар на бесправно изградени објекти, кое како задолжение го доби од Владата како дел од препораките на УНЕСКО. Од октомври, кога требаше да […]

Анализа: Ревизија во општина Струга – сметката блокирана од 2010 та година!

9 декември 2019

Блокирана сметка, зголемување на финансиски обврски, судски процеси – серија на пропусти, недоследности и постапувања спротивно на позитивната законска регулатива открива државната ревизија во работењето на општина Струга во 2018 година. Наодите од ревизорските извештаи за Струга се однесуваат на период во кој на чело на општината е градоначалникот Рамиз Мерко, пишува во анализата на […]

Државните ревизори откриваат хаос во работењето на општина Струга

11 ноември 2019

Сметката на општина Струга е блокирана од август 2010 година по основ на судска пресуда од Основниот суд Струга по одобрен кредит од 2000 година на „Проаква Струга“ во вкупен иснос од 3,7 милиони евра, откриваат Државните ревизори во извештајот за работењето на општината во текот на 2018 година. Бил предвидено кредитот да се отплати […]

Државата нема да ги преземе ингеренциите за урбанизмот од Општина Струга

11 септември 2019

Општина Струга и градоначалникот Рамиз Мерко сè уште чекаат одговор од Министерството за транспорт и врски на писмото со кое Општината бара Министерството да ги преземе ингеренциите во областа на урбанизмот и спроведувањето на забелешките од УНЕСКО. Од кабинетот на Мерко потврдија дека одговор нема, што го толкуваат како неодобрување на барањето. Деновиве при една […]

Општина Струга со поголеми контроли на субјектите кои издаваат соби за туристи

11 јуни 2019

Општина Струга, во соработка со СВР Струга ќе вршат редовна контрола на правните и физичките субјекти кои даваат услуги за сместување на гостите, со цел подобрување на условите за престој на туристите и посетителите во текот на претстојната летна сезона 2019. Од локалната самоуправа и МВР Струга велат дека безбедноста и сигурноста на туристите, посетителите […]

Антикорупциска ги проверува хидроцентралите на Анѓушев и автомобилите на Вангеловски и на Меркo

9 мај 2019

Антикорупциската комисија на денешната седница отвори три постапки за еден вицепремиер, еден градоначалник и за претседателот на Врховниот суд. Антикорупционерите отворија постапка за хидроцентралата на фирмата „Тополки“, каде што еден од сопствениците е вицепремиерот Кочо Анѓушев преку фирмата „Феро инвест“, а неговиот брат Тодор Анѓушев е управител. Ќе се истражува како земјиштето во Дреново завршило […]

Контраспин: Аудито на Мерко е грдо зашто е луксузирање со пари на граѓаните на Општина со долгови

3 април 2019

Возилото на Мерко не е убаво, како што вели тој. Тоа е симболички грдо, најгрдо возило во моментов во државата, зашто е непотребен луксуз со јавни пари во Општина која има милионски долгови во евра, пишува „Вистиномер“. „Гостувајќи на ТВ интервју на 24 Анализа, Мерко, всушност, покажа дека не се работи за незнаење и за […]

Заев најави решение за проблемот со колекторот за прочистување на Охридско Езеро

21 јули 2017

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за финансии, Драган Тевдовски, доцна вчера попладнето имал одделни средби со в.д. градоначалникот на Општина Струга, Мустафа Забзун, и со градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, на кои било разговарано за финансиските и за проблемите со колекторот за прочистување на Охридско Езеро. „Еден од заедничките проблеми за кои стана збор […]

Струга и годинава организатор на „Денови на македонскиот мед“

25 јули 2016

Здружението на пчелари „Матица“ од Струга, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и од Општина Струга, втора година по ред ќе ја организира манифестација „Денови на македонскиот мед“. Тридневната манифестација на пчеларите од Македонија ќе се одржи од 5 до 7 август, на Плоштадот на револуцијата во Струга, а на неа се очекува да […]

Страна 1 од 1