fbpx

ВИП годинава ќе се ребрендира во А1

-

По ребрендирањата на другите телекомуникациски оператори на Балканот кои се дел од групацијата Телеком Австрија, односно компаниите во Словенија, Хрватска и Бугарија, и македонскиот телекомуникациски оператор ВИП годинава ќе го следи тој пример и ќе се ребрендира во А1, соопштија од компанијата.

Притоа, постоечките договори ќе останат важечки и по промената на името, а мобилните корисници не ќе има потреба да ги менуваат СИМ картичките.

„Воведувањето на А1 брендот на сите пазари каде работи А1 Телеком Австрија Групацијата, не само што ќе ја зајакне позицијата на европскиот пазар, туку ќе им овозможи на сите А1 корисници од сите А1 пазари, доследно и единствено бренд искуство. И покрај најавата за промена на името, сите претходно стекнати права и обврски на корисниците, деловни партнери, клиенти или добавувачи остануваат непроменети и важечки, без потреба за промена на веќе постоечките договори. Корисниците немаат потреба за замена на СИМ картичка, броеви, модеми или било каква опрема, а сите услуги и договорени процеси ќе продолжат да функционираат како и досега“, соопштија од компанијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...