fbpx

Администрацијата на Бајден не ги отстранила орелот и знамето од американскиот пасош

Не станува збор за нови идејни решенија за пасошот, туку за старо кое на сила стапи во 2021 година

-

Пасошите на САД со променет дизајн уште го содржат и орелот и знамето на САД, само на различна страница. Тие почнаа да се издаваат во 2021 година, со одлука од времето кога претседател на САД беше Доналд Трамп, така што не е точно дека администрацијата на Бајден ги сменила, ниту пак дека ги отстранила орелот и знамето, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделуваат две фотографии од американски пасош и пишува:

14 јануари 2024. Администрацијата на Бајден го смени изгледот на американскиот пасош. Лево е новиот, без орелот и знамето. 

Станува збор за невистинита информација насочена против администрацијата на Бајден, дека наводно таа ги отстранила патриотските симболи од американскиот пасош. Првпат оваа невистина се прошири на социјалната мрежа Икс, поранешен Твитер, каде што лице зад профилот @EndWokeness тврдеше дека администрацијата на Бајден ги отфрлила американското знаме, орелот и слоганот „Ние луѓето” (We The People) од новите пасоши на САД.

Пасошите со нов дизајн првпат беа пуштени во употреба во 2021 година. Тие беа одобрени уште претходно, за време на последната година на Доналд Трамп како претседател на САД. Надвор од тоа, орелот уште го има и во новите пасоши, само на различна страница. Затоа, тврдењето дека Џо Бајден ги отстранил патриотските фотографии од внатрешноста на американскиот пасош е невистинито. Значи, не станува збор за нови идејни решенија за пасошот, туку за старо кое на сила стапи во 2021 година. Затоа, на социјалната мрежа Икс, каде што првпат беше споделена објавата за наводната одговорност на Бајден за овие пасоши од следната генерација, се појави порака со објаснување, дека менувањето на изгледот на пасошот е од поодамна, 2021 година.  

Спротивно на тврдењата, американскиот гологлав орел е присутен на фотографиите во пасошот, само на различна страница, а не на онаа од претходното издание. Официјалната страница за патувања потврдува дека оваа верзија од пасошот е модернизирана со почеток во 2021. На неа пишува:

Пасошот од следната генерација има нова технологија за да помогне за поробустно патување со зголемени безбедносни карактеристики и безбедносни елементи, како поликарбонатна страница за податоци, ласерски гравирана персонализација и подобрена уметност.

Како што потврдува Стејт Департментот, американските пасоши од следната генерација биле одобрени од страна на администрацијата на Трамп и потоа почнале да се издаваат во 2021 година. 

Пасошот од новата генерација е забележливо поатрактивен отколку стариот. Во него се претставени детално фотографии од американската архитектура, култура, историја, пејзажи и традиции на страниците за виза. Жиговите и микротекстот кој се користи во пасошите од следната генерација се покомплексни отколку оние во старите пасоши. Овие линии и фотографии се уште еден важен елемент за сигурност против фалсификати и копии. Физичката структура на новиот пасош е подобрена исто така.

Дополнително, покрај страницата од поликарбонат, спојувањето на пасошот е исто така зајакнато. Пасошот има 26 страници во регуларната и 50 страници во поголемата верзија. Пасошот од следната генерација има важност од 10 години исто како и стариот, но стариот е во употреба до крајниот датум на истекување на неговата важност, така што американските државјани на кои уште им е важечки стариот пасош не треба да го менуваат со нов.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека администрацијата на Бајден го сменила изгледот на американскиот пасош и дека ги отстранила од него орелот и знамето. Тие се променети во 2021 година, а одлуката за тоа е донесена во времето кога Доналд Трамп беше претседател на САД. Во новиот пасош исто како и во стариот, ги има и орелот и знамето ама на различни страници поради променетиот дизајн.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...