fbpx
Таг: МЖ Транспорт

таг: МЖ Транспорт

Исплатена платата на железничарите, возовите повторно сообраќаат

Патничките и товарните возови во земјава почнаа да сообраќаат од вчера попладне, откако на железничарите им е исплатен вториот дел од платата за декември. Возовите сообраќаат по вообичаениот возен ред, а машинскиот и извршниот персонал на Железници на РСМ-Транспорт редовно си ги извршува работните обврски. Прекинот на железничкиот сообраќај започна завчера, поради тоа што железничарите уште во ноември лани го...

Патничките и товарните возови не сообраќаат, железничарите бараат плата

Втор ден не функционира патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава. Вработените од Железници на РСМ-Транспорт не ги исполнуваат своите работни обврски поради тоа што не им е исплатен вториот дел од платата за декември. Уште во ноември лани, тие ја предупредија државата дека возовите нема да сообраќаат, доколку најдоцна до 25-ти во месецот не им биде во целост...

И граѓаните од околните градови го чекаат бесплатниот јавен превоз во Скопје

Патувањето со воз или автобус од околните градови им предизвикува големи трошоци на граѓаните од Куманово, Велес и Тетово, коишто секојдневно патуваат на работа, школо или по други обврски во главниот град. Од градовите коишто гравитираат околу Скопје има дневен прилив на илјадници граѓани, коишто имаат избор да патуваат со автомобили, коишто го зголемуваат сообраќајниот метеж и проблемот со...

Во земјава од ноќеска стапува на сила новиот возен ред на возовите

Во европските земји, како и во Македонија, од полноќ стапува на сила новиот возен ред на патничките возови. Поаѓањата и пристигнувањата на возовите може да се погледнат на веб-страницата на Јавното претпријатијатие за железничка инфраструктура Железници на РСМ. Од скопската железничка станица од утре ќе сообраќаат по 15 пара возови дневно, а новиот возниот ред е со важност до 10...

Железница и догодина со идентичен возен ред, ќе нема возови за Белград и за Солун (инфографик)

Веќе трета година по ред нема промени во возниот ред на патничките возови во земјава. Железници на РСМ-Транспорт и во 2022 година ќе вози со идентичниот возен ред од годинава, така што нема да има возови кон Белград и Солун. Новиот возен ред којшто стапува на сила на 12 декември 2021 година веќе е објавен и предвидува сообраќање на...

Железница со 6,3 милиони евра од буџет во 2022 ќе покрива загуби, студентите ги чекаат бесплатните билети

Foto: Borče Popovski
Во Предлог-државниот буџет за 2022 година, којшто во моментов се наоѓа на комисиска расправа во Собранието на РСМ, се наменети 390 милиони денари (околу 6,3 милиони евра) како државни субвенции за надоместување на услугите од јавниот интерес во железничкиот превоз на патници. Со овие средства догодина ќе се покриваат загубите што ги прави државното претпријатие Железници на РСМ-Транспорт во сообраќањето...

Железничкиот транспорт за младите повторно да биде бесплатен, бараат студентските организации

Универзитетските студентски собранија (УСС) во земјава бараат Владата да го врати бесплатниот превоз со воз за студентите и младите во земјава, којшто беше укинат со почетокот на ковид-19 пандемијата во март 2020 година. Пред пандемијата, сите млади лица до 27 години имаа право на користење на бесплатни железнички билети за патување со патничките возови на било која дестинација, и тоа...

Половина година не сообраќаат возовите кон Кичево, Кочани и Приштина, од Железници-Транспорт молк

Граѓаните со месеци по социјалните мрежи реагираат за неодржување на вцртаните линии во возниот ред на Железници на РСМ-Транспорт за 2021 година, а од државното железничко претпријатие молк за ваквата состојба. Од почетокот на мај годинава е укинат патничкиот воз Скопје-Кочани-Скопје, додека од крајот на мај не сообраќа ниту единствениот воз меѓу Скопје и Кичево. Уште од почетокот на ковид-19...

Железничкиот превоз во прекин, штрајкуваат машиновозачите поради неисплатена плата

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава од утрово се во прекин. Штрајкуваат машиновозачите во Железници на РСМ-Транспорт поради неисплатен втор дел од нивната плата за септември. Патничките и товарните возови нема целосно да сообраќаат до добивањето на платата, информираат синдикалните претставници во железничкото претпријатие. Инаку, Железници на РСМ-Транспорт е претпријатие во сопственост на државата кое има најголеми долгови во...

Либерализацијата на железничкиот превоз се одложува до крајот на 2022 година

Усвојувањето на пакетот на Законите за железници што го регулира прашањето на либерализација е одложено до декември 2022 година, информираат за Мета.мк од Владата на РСМ. Исто така, за евентуалното реструктуирање на Железници на РСМ - Транспорт, како најголем државен загубар, ќе се чека на завршување на анализата за преструктуирање, која во моментов се изготвува. „Во овој момент консултантска куќа...

EK: Да се дозволи влез на приватни компании во железничкиот превоз и да се забрза изградбата на Коридорот 8

Во областа на транспортот и трансевропските транспортни мрежи, земјава е умерено подготвена, при што ограничен напредок е постигнат во изминатата година, оценува Европската Комисија во најновиот Извештај за реформскиот напредок на Северна Македонија за 2021 година. Критиките од минатогодишниот извештај се провлекуваат и годинава во однос на конкретни теми од транспортот. Па така, Европската Комисија бара да се имплементираат реформи...

Железничкиот сообраќај е ставен во функција, заврши штрајкот на машиновозачите

Машиновозачите во Железници на РСМ-Транспорт го прекинаа штрајкот, откако постигнаа договор со раководството на железничкото транспортно претпријатие. Вториот дел од платата за јуни веќе им е исплатен, а до 15 август го очекуваат и првиот дел од платата за јули. Договорено е вториот дел од платата за претходниот месец да го добијат до 25 август, а доколку ова не...

Машиновозачите бараат плати, железничкиот сообраќај во земјава е во прекин

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во земјава е во прекин од вчера во 16 часот, поради бојкотот на машиновозачите. Работничкиот персонал на Железници на РСМ-Транспорт кој ги управува возовите во земјава си го бара вториот дел од платата за јуни. Машиновозачите најавија дека до управниот одбор на железничкото претпријатие и до Министерството за транспорт и врски ќе испратат допис...

Во Европската година на железницата, со месеци не сообраќаат возовите за Кичево, Кочани и Приштина

Европската Унија ја прославува 2021 како Европска година на железницата, додека во Македонија се укинати или привремено не сообраќаат и малкуте патнички возови на пругите. Тековново лето нема експресни возови од Скопје кон Белград и Солун, а веќе неколку месеци не сообраќа ниту брзиот воз на релација Скопје-Приштина-Скопје. Бројот на возови за превоз на патниците е редуциран и во внатрешниот...

Ковид-19 пандемијата се стиши, бесплатните билети за воз за студенти и ученици останаа укинати

Бесплатните железнички билети за млади до 27 години, студенти и средношколци остануваат укинати. Поради ковид-19 пандемијата и наголемувачкиот број на заболени лица, Владата на РСМ лани одлучи од 19 март 2020 година времено да ги стави во мирување поволностите за бесплатно патување со воз за младите лица, во насока на спречување на ширењето на корона вирусот во земјава. По повеќе...

Железница со иницијатива за воведување возови на секои два часа од Скопје кон Тетово, Куманово и Велес

Железници на РСМ-Транспорт покрена иницијатива за воведување на патнички возови на релациите Скопје-Тетово, Скопје-Куманово и Скопје-Велес на секои два часа во текот на денот. Ваквата иницијатива е доставена до Владата на РСМ на почетокот на годинава, а предлогот на раководството на Железници е да се набават минимум 10 нови возови, и тоа 6 дизел моторни гарнитури и 4 електро...

Железницата како најголем загубар „плива“ во долгови, но раководството си набави луксузен автомобил

Железници на РСМ-Транспорт кон крајот на април годинава набавила луксузен автомобил „Форд Мондео Титаниум“, за којшто издвоиле над 1,8 милиони денари (околу 30.000 евра). Моторното возило е набавено од компанија, која што е единствената што се пријавила на распишаниот оглас, се наведува во објавениот договор на Електронскиот систем за јавни набавки.  Набавката на луксузен автомобил за потребите на раководството на...

Денот на железничарите и годинава се одбележа без основан Музеј на железниците

Денеска се одбележуваат 148 години од воспоставувањето на железничкиот систем во земјава. Во 1994 година, Работничкиот совет на Македонски железници го прогласил 9 април за Ден на железничарите, но овој ден и годинава ќе се одбележи без постоење на Музеј на железниците на Македонија, во чии простории би требало да се одбележи овој датум. Во далечната 1873 година, се воспоставил...

Со градска железница, би се патувало барем двојно побрзо во споредба со автобус во Скопскиот регион [инфографик]

Доколку во Скопје би постоела градско-приградска железница како средство за масовен превоз на патници, тогаш времето за патување до приградските населби околу главниот град би се скратило барем за половина во споредба со постојното времетраење на патувањата со градско-приградските линии на ЈСП-Скопје и приватните автобуски превозници. Споредбата на возните редови на ЈСП-Скопје и на Железници на РСМ-Транспорт покажува дека на...

Поради полицискиот час, од денеска нови измени во возниот ред на патничките возови

Поради воведувањето на забрана на движење на населението во периодот од 20 часот до 5 часот секојдневно од 6 до 20 април, Железници на РСМ-Транспорт направи измени во возниот ред на патничките возови што сообраќаат во земјава. Почнувајќи од денешниот ден, на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе сообраќаат единствено возовите со поаѓање од Скопје во 6:57 и 14:30 часот, како и...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...