Фото: Бојан Блажевски

Поради воведувањето на забрана на движење на населението во периодот од 20 часот до 5 часот секојдневно од 6 до 20 април, Железници на РСМ-Транспорт направи измени во возниот ред на патничките возови што сообраќаат во земјава. Почнувајќи од денешниот ден, на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе сообраќаат единствено возовите со поаѓање од Скопје во 6:57 и 14:30 часот, како и од Битола со поаѓање во 5:30 и 12:50 часот.

На релацијата Скопје-Табановце-Скопје од денеска па сè до 20 април ќе сообраќаат единствено патничките возови со поаѓање од главниот град во 6:45 и 16 часот, додека од Табановце за Скопје ќе има возови во 8 и 17:10 часот.

На релацијата Скопје-Гевгелија-Скопје во наредните две недели возовите од Скопје ќе поаѓаат во 6:23 и 16 часот, додека од Гевгелија за Скопје поаѓањата на возовите се во 5:30 и 16 часот.

На релациите Скопје-Кочани-Скопје и Скопје-Кичево-Скопје, патничките возови ќе сообраќаат по важечкиот возен ред на поаѓање.

Меѓу Скопје и Велес, со измените во возниот ред од главниот град во периодот до 20 април ќе има поаѓања на возови во 9:15, 13:20 и 18:15 часот. Во обратна насока, од Велес возовите ќе поаѓаат во 5:30, 12:10 и 14:24 часот.

На ден 06.04.2021 година нема да сообраќаат возовите бр. 644 и 645 (Скопје – Битола – Скопје) и возовите бр. 2024 и 2025 (Скопје – Куманово – Скопје). Во периодот до 20 април, нема да сообраќаат возовите со број 644 и 645 меѓу Скопје и Битола, како и возовите 2020, 611, 2024 и 2025 меѓу Скопје и Табановце.