понеделник, 10 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: измени | 132 резултати

Екоцидот и официјално е ново кривично дело, правниците сметаат дека тешко ќе се докажува

16 март 2024

Екоцидот и официјално е ново кривично дело во македонското законодавство. На 15 март стапија во сила одредбите од измените на Кривичниот законик кои се однесуваат на дела против животната средина и природата. Екоцидот е дефиниран како долготрајно и широко распространето загадување на животната средина кое предизвикува сериозна штета, а казната која е предвидена е од […]

Сложни „владици“ во Собрание си мрсат

14 март 2024

Власта и опозицијата во Собранието со здружени сили експресно протуркаа законски корекции, со кои прилично се отежнува вклучувањето на независните кандидати во изборната игра. Лутите политички противници обезбедија 84 гласа „за“ и Бадентерово мнозинство, за да ги усвојат измените на Изборниот законик со кои се зголеми прагот за учество на независните кандидати на изборите. Во […]

Политичарите од уста не ги вадат оправдувањата за измените на Кривичниот законик

14 септември 2023

Македонските политичари веќе неколку дена од уста не ги вадат оправдувањата на измените на Кривичниот законик, кои експресно за период од неколку часа ја поминаа целата собраниска процедура за нивно усвојување, и тоа по скратена постапка и со европско знаменце. Кој ќе одел во опозиција, а кој е Дарт Вејдер е темата со која веќе […]

ДДВ за менструалните производи се намалува од 18% на 5%

12 јули 2023

На предлог на Министерството за финансии, Владата на вчерашната седница утврди текстови на три предлози на закони, чиишто одредби се усогласуваат со директиви на Европската Унија и европското право, меѓу кои и Предлогот на законот за измена и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност. „Се врши намалување на стапката од 18% на 5% […]

Аферата со протечени документи се зголемува – мошне сигурно дека барем дел се манипулирани

11 април 2023

Што се знае за аферата со протечените документи од САД до 10.04.2023 година? Аферата почнала да се развива уште од 28 февруари кога протекле првите документи. Протечени се засега околу 100 документи, од кои дел се од Пентагон и се однесуваат на војната во Украина. САД ги шпионирале освен Москва и Киев и други најблиски […]

Секуловски: Со законските измени ќе има поголема заштита на правата на новинарите

15 февруари 2023

Преку зголемување на казните за загрозување на сигурноста на медиумските работници, ќе се воспостави нов системски механизам за заштита на правата на новинарите, изјави извршниот директор на ЗНМ, Драган Секуловски, за Мета.мк. Изјавата следува откако измените на Кривичниот законик завчера беа усвоени од пратениците во Собранието.  Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат […]

Измени во Кривичниот законик, за напаѓачите на новинари ќе следи затворска казна

14 февруари 2023

По две години чекање, новинарите дочекаа нападите врз нив да се третират како напад врз службено лице, а со тоа и напаѓачите да добијат затворска казна. Измените на Кривичниот законик вчера беа усвоени од страна на пратениците во Собранието на РСМ. Претседателот Стево Пендаровски е следен на потег за да стави потпис на законските измени, […]

Професор Кочов: Ни треба нов ЗВО во кој студентите и научните истражувања поддржани од ЕУ ќе ни бидат приоритет

11 декември 2022

Во академските кругови сè повеќе се зборува за најавените измени на Законот за високо образование (ЗВО), кои универзитетски професори допрва ќе треба да ги подготвуваат. Изминатиов период има и поединечни реакции од професори дека процесот е нетранспарентен и дека законот се крои зад затворени врати. За тоа што сè е потребно да се менува, во […]

НАкС реагира дека измените на Законот за високо образование се вршат нетранспарентно

18 ноември 2022

Независниот академски синдикат (НАкС) реагира дека со голема загриженост ги следи најавите за измена и дополнување на Законот за високото образование. Од НАкС велат дека предмет на измени е законот за високо образование од 2018 година кој беше донесен со широк консензус, додека неговата содржина беше предмет на длабоки консултации со сите чинители. Синдикатот реагира […]

Се подготвуваат измени на Законот за високо образование, но нема официјални информации што ќе се менува

3 ноември 2022

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири пред неколку месеци покренал иницијатива и повикал професори од високото образование да дадат свои предлози и идеи за измена на Законот за високо образование, потврди Министерството за образование и наука. Засега, оттаму не соопштуваат детали околу тоа што точно ќе се менува иако информираат дека во моментов експертска […]

Олеснета процедурата за поставување фотонапонски електроцентрали за домаќинствата

25 октомври 2022

Граѓаните и компаниите веќе може да постават фотонапонски електроцентрали за производство на струја брзо и по поволни услови, без одобрение за градење, бидејќи стапија на сила измените на Законот за градење, како дел од низата мерки за поддршка во услови на најголемата светска енергетска криза, соопшти Владата. Со новината, ќе се поедностави процедурата за поставување […]

Малите владејачки партии бараат една изборна единица или се закануваат со предвремени избори

14 јануари 2022

Пет пратеници од владејачката коалиција предводена од СДСМ ја условуваат поддршката на новата влада предводена од Димитар Ковачевски со барање во рок од три месеци да се донесат измените на Изборниот законик во Собранието на РСМ. Пратениците Павле Трајанов од ДС, Маја Морачанин од ДОМ, Моника Зајкова и Боби Мојсоски од ЛДП, Љупчо Балкоски од […]

Измените на Кривичниот законик за новинарите кои требаше да бидат усвоени пред шест месеци заглавија во Собрание

14 ноември 2021

Измените на Кривичниот законик сé уште се наоѓаа во постапка во законодавниот дом на Северна Македонија. Со измените се предвидува дека оние кои во иднина ќе ги напаѓаат новинарите, снимателите и фоторепортерите или ќе го попречуваат извршувањето на нивните работни задачи, би можеле да бидат казнети со затворска казна до 3 години. Овие измени ги […]

На полноќ истекува рокот за увид во Избирачкиот список

9 септември 2021

Граѓаните денеска до полноќ ќе може да извршат увид во Избирачкиот список и да побараат дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија (ДИК). Локалните избори ќе се одржат на 17 октомври. Заклучно со вторник, 7 септември, вкупно 13.502 лица се провериле во Избирачкиот список, поднесени се вкупно 122 барања за запишување […]

МВР: Од денеска влез во Грција и со негативен, брз тест за ковид-19

19 јуни 2021

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните, дека согласно известувањето од грчките гранични служби од граничниот премин „Евзони“, има измени во протоколот за влез во Грција. Од денеска, 19 јуни 2021 година, од 06.00 часот на граничниот премин „Евзони“, освен со ПЦР тест, не постар од 72 часа, сертификат за примена вакцина (со поминати 14 […]

Полицискиот час од утре од 21 до 5 часот, исклучок ќе има ноќта меѓу 1 и 2 мај, за Велигден, и меѓу 13 и 14 мај, за Рамазан Бајрам

27 април 2021

Владата на денешната седница ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести и ги донесе измените на мерките за заштита и спречување на ширењето на ковид-19. Според нив, од утре, 28 април (среда), забраната за движење на населението и на возилата од јавен превоз на целата територија на државата, наместо од 20 часот, ќе важи […]

Екологистите бараат сериозен третман на хидројаловиштата во Законот за минерални суровини

16 април 2021

Останати се многу недоречености во Законот за минерални суровини, чии измени се повлечени од собраниска процедура. Течат консултации меѓу надлежните од Министерство за економија со Алијансата „Разбистри се“ за дополнително менување на законските содржини. Тие посебно се однесуваат на делот на процедурите во сите фази за издавање на концесии во согласност со Архуската конвенција, на […]

Во завршна фаза е новата формулација на членот 102 од Законот за ААВМУ, со кој ќе се овозможат јавни пари во медиумите

8 април 2021

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири информираше дека новата формулација на членот 102 од Законот за ААВМУ е во завршна фаза и следниот период истиот ќе биде претставен пред јавноста. Имено, со укинувањето или промената на членот 102 од Законот за аудио и аудивизуелни медиумски услуги (ААВМУ), би се овозможило влегување на јавни пари […]

Поради полицискиот час, од денеска нови измени во возниот ред на патничките возови

6 април 2021

Поради воведувањето на забрана на движење на населението во периодот од 20 часот до 5 часот секојдневно од 6 до 20 април, Железници на РСМ-Транспорт направи измени во возниот ред на патничките возови што сообраќаат во земјава. Почнувајќи од денешниот ден, на релацијата Скопје-Битола-Скопје ќе сообраќаат единствено возовите со поаѓање од Скопје во 6:57 и […]

Ќе се менуваат критериумите за избор на членови во раководните органи на јавните претпријатија

3 април 2021

Министерство за економија подготвува измени на Законот за јавните претпријатија, со коишто се предвидува промена во начинот на избор на членови во управните органи. „Јавните претпријатија се основаат заради вршење на дејности од јавен интерес. Јавни претпријатија во име на Република Северна Македонија основа Владата на Република Северна Македонија, во име на општината советот на […]

Страна 1 од 7